19 Декември, 2025
0.0494

Потпишан меморандум со „Казанџи Груп“, компанија поврзана со корупциски скандал како инвеститор во Гана

Објавено во: Економија 22 Јули, 2025 11:55

Добивај вести на Viber

VВладата денеска го потпиша меморандумот со „Казанџи Груп“ со кој треба да се постават основите за реализација на значајниот проект за изградба на гасни централи во Македонија и на изградба на гасната дистрибутивна мрежа.

Сепак, пред неколку години од релевантни регионални медиуми беше објавено дека еден од најголемите производители на електрична енергија во Турција е вмешан во обвинувања за корупција околу договор во Гана, посредуван од банкар на Голдман Сакс.

За „Акса Енерџи“, која е неименуваната енергетска компанија што се појавува во неодамнешната жалба поднесена од Комисијата за хартии од вредност на САД, наводно пренасочила околу 2,5 милиони долари за гански службеници пред да ѝ биде доделен договорот за изградба на електрична централа во западноафриканската земја. Исто така, се тврди дека му платила 2 милиони долари на Асанте Берко, тогашен извршен директор во канцеларијата на „Голдман“ во Лондон, за неговата наводна улога во оркестрирањето на шемата за поткуп, која беше разоткриена во 2015 и 2016 година.

Иако „Акса Енерџи“ не е именувана, документот дава голем број детали што ја идентификуваат како енергетската компанија на која се однесува целиот документ.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го потпиша меморандумот со претседавачот на турската компанија „Казанџи Холдинг АС“, Шабан Џемаил, кој само кратко на новинарско прашање одговори дека јавноста ќе биде запознаена со деталите кога ќе биде официјализиран договорот.

По потпишувањето на меморандумот, се очекува следна фаза да биде распишување на повик за овој стратешки проект на кој ќе се пријави „Акса Енерџи“.

- Со оваа инвестиција се отвораат и нови можности за индустријата, се поддржува гасификацијата, се отвораат нови работни места, и се зајакнува енергетската отпорност на државата. Истовремено, со развојот на домашни производствени капацитети ја намалуваме зависноста од увоз и влијанието на надворешни ценовни и политички ризици, рече денеска Мицкоски на заедничката прес-конференција.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии