ПОТРАГА: Можно е авионот на „Ер Азија“ да паднал во морето
Објавено во: Свет 29 Декември, 2014 16:21
Авионот на индонезиската компанија „Ер Азија“, „Аирбус 320-200“ со 155 патници и седум членови на екипажот, кој изгубил контрола со летот во Џакарта во неделата во 06:17 часот по локално време, најверојатно се наоѓа на дното на морето, изјавил шефот на иднонезиската агенција за потрага и спасување.
„Врз основа на координатите, ние очекуваме авионот да е во морето, мислиме дека е на дното“, рекол тој.
Претставник задолжен за авијација потврдил дека властоте имаат радарски податоци и дека чекаат вести за пронаоѓање на неговите остатоци како би можела да се започе истрагата за причините на несреќата, пренесуваат агенциите.
Портпаролот на индонезиското воено воздухопловство Хади Тхахјанто рекол дека потрагата по летот QZ8501 е фокусирана на подрачјето североисточно од брегот Бангка, кој отприлика се наоѓа на средниот пат помеѓу Сурабаја и Сингапур во Јаванското море.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја





