ПОТРЕСНИ ПРИКАЗНИ: Пропаѓањето на Еуростандард банка погоди семејства кои треба да лекуваат деца, печалбари, луѓе кои продале имоти
Објавено во: Економија 10 Септември, 2020
Оштетените штедачи на Еуростандард Банка бараат државата да ги преземе нивните побарувања и парично да ги обештети.
Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка денеска побара итно носење на законско решение со кое државата ќе ги преземе побарувањата на физички и правни лица од Еуростандард Банка, и во целост парично ќе ги обештети. Потоа, државата да наплати од стечајната маса.
„Пропаѓањето на Еуростандард Банка или црната за нас среда, 12 август, не остави без нашите лични парични средства. Се работи за цели семејства кои се погодени и фирми кои во ова време на пандемија се соочуваат со проблеми со ликвидност и затворање. Верувавме во систем којшто не заштитува, ги доверивме нашите тешко заработени средства во финансиска институција регулирана и контролирана од државата“, вели Дејан Николовски од Здружението.
Тој додаде дека деновиве слушале изјави од Народна Банка како една од највисоките државни институции која се издига високо над банкарскиот систем, како истиот тој систем е стабилен и дека останатите банки се во одлична состојба.
Од Здружението велат оваа институција чие име започнува со зборот „Народна“ треба да служи на народот.
Додаде дека се заробени пари на луѓе кои работеле во странство, во Ирак и Авганистан, на родители кои планирале да ги лекуваат своите деца во странство, на луѓе кои продале имот и имале планови со своите пари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.