26 Април, 2024
0.0259

Поттикнувајте ги децата да мечтаат – тие така растат

Објавено во: Стил 15 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Светот на модерната технологија е прилично безмалку фантазија, а денешните деца поминуваат многу време пред телевизорите и компјутерите. На овој начин, тие не играат и не размислуваат како да се забавуваат. На родителите им е полесно да ги остават да играат децата на компјутер или таблет за да одморат или за да завршат некоја домашна обврска, но оваа не е добро решение, посебно за долг рок, велат психолозите.

Децата треба да знаат како да се занесат, да знаат да си создадат свој свет на игра, со измислени карактери. Дозволете им сами да креираат.  Тие имаат потреба од средина за поттик што ќе ја развие нивната креативност.

И имагинацијата е бесконечна и има големо влијание врз развојот на личноста на детето. Значи, никогаш не го поправувајте вашето дете ако има нацртано жолто море, зелено небо или црвена шума. Тоа е прашање на имагинација и нека се развива, секогаш и каде и да сака.

Цртањето и пишувањето се одличен начин за стимулација на  имагинацијата. Деца кои пишуваат песни или приказни треба да се охрабруваат да го прават тоа што е можно почесто. Одличен начин за развивање на имагинацијата на детето е да читате бајки, приказни и да играте интересни игри.

Психолозите тврдат дека децата почнуваат да ја развиваат својата имагинација штом ќе станат свесни за светот околу нив. Додека детето расте, границата помеѓу имагинацијата и реалноста станува се повеќе и повеќе јасна.  До почетокот на втората година кај детето се развиена "репродуктивна" имагинација, односно  идентификување на вистински предмети со оние забележани во сликовници и обратно. Подоцна, кога тоа почнува да црта, детето наоѓа сличности со вистинските предмети, започнува со т.н. "креативна" имагинација, која подоцна се развива преку книги, бајки и приказни.

Во предучилишна возраст, децата не се во можност секогаш да разберат што е "фиктивно" и што е реално. Нивната имагинација е тогаш најинтензивна, па затоа е најпотребно да се охрабрат.

Кога децата одат на училиште, не е лошо да ги запишете на курс во кој ќе можат слободно и креативно да се изразуваат. Во зависност од афинитетот на ликовна работилница, детето може и ќе  продолжи да ја развива својата имагинација и ќе ги негува своите таленти.

Истражувањата покажуваат дека децата кои потекнуваат од семејства во кои отворено зборуваат  за сè, имаат добра имагинација, се чесни,  имаат јасни желби и идеи, немаат страв од разновидност, и често имаат повисок коефициент на интелигенција.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти