24 Ноември, 2024
0.0286

ПОТВРДЕН ИСТОРИСКИОТ РАСТ: За три месеци цената на становите отиде во „вис“

Објавено во: Економија 08 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Историски раст на цените на недвижнините за едно тромесечје. Во вториот квартал годинава недвижнините пораснале за дури три проценти, раст каков што не е регистриран од 2010 година. Тогаш поскапувањето за три месеци било 5,2 проценти, но во сите квартали наваму имало или пад или многу помало зголемување на цените. Ако се анализира на годишно ниво, цената на недвижнините се зголемила уште подрастично во однос на истиот период лани – за дури 4 проценти. Градежниците веќе најавија значаен раст на цените, ама никој не предвиде дека само за три месеци становите и куќите ќе поскапат толку. Како клучна причина за поскапувањето се посочува зголемувањето на цената на градежните материјали, но и генералниот регионален тренд на раст на цените во секторот.

1.500 евра за метар квадратен во Карпош, до 2000 во Козле, Тафталиџе и на Водно, исто колку што стасува цената и во Центар – цените се зголемени на терен, а вчера тоа го потврдија и податоците на Народната банка. Фактор ја анализира динамиката на раст. Според најновите податоци, годишниот раст е пет проценти во вториот клвартал, а тримесечниот е три проценти. Во првите три месеци годинава на годишно ниво растот бил помал или 3,1 проценти, а кварталниот е 1,9 отсто.

Во пандемиската 2020 година цените на недвижнините не се зголемија за повеќе од 2 отсто. Во неколкуте години претходно најголем раст имаше во 2019 година. Претходно во 2017 и во 2016 година дури има пад на цените на недвижнините.

Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво индустријата на градежни материјали и неметали при Стопанската комора изјави дека голем број фактори влијаат на продажната цена на станбениот простор, но најмногу растот на трошоците.

„Нашата прогноза за раст на цените во периодот кој следува, од една страна, се заснова на анализа на моменталните трошоци за градба, од која лесно ќе се заклучи дека зголемувањето на минималната плата, поскапувањето на градежните материјали, како и трендот на пораст на цените во секторот, генерално, несомнено ќе доведат до раст на продажните цени на станбено-деловниот простор. Од друга страна, прогнозата се заснова и на анализа на регионалните текови и на трендот на раст на цените на станбениот простор во соседните земји во последните години, со особено изразен раст во Србија и во Бугарија, поради што заклучокот би бил ист. Денес цената на стан во центарот на Скопје, со идентичен квалитет на градба, се поистоветува со цената на стан во центарот на Ниш, помалку чини од стан во Нови Сад, а дури двапати помалку чини отколку стан во центарот на Белград, изјави Серафмовски неодамна во интервју за Фактор.

Според првични анализи и проценки, поради пандемијата за 80 отсто поскапел челикот, за 40 проценти стиропорот, до 30 отсто производите од сувата градба, но растела цената и на другите материјали.

Исто така, цената ја зголемува и големата побарувачка на станови, а градежниците велат дека растот е условен и од мораториумите за градба во некои скопски општини кои траеле предолго. Се предвидува трендот на раст да не запре и во следниот период, особено во местата кои се сметаат за поатрактивни. За нив се зголемил значајно интересот и во пандемија, а најбарани се недвижнини во скопските општини Центар, Карпош и Аеродром.

А.Т.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?