06 Декември, 2025
0.0316

Поучна приказна: Каменот на мудрата жена!

Објавено во: Стил 20 Февруари, 2019 14:44

Добивај вести на Viber

Ако можеш, дај ми го тоа што го имаш во себе што те поттикнало да ми го дадеш тој вреден камен.

Еднаш една мудра жена, патувајќи низ планината наишла на драгоцен камен. Каменот бил од непроценлива вредност. Го ставила во торба и продолжила понатаму.

Другиот ден додека доручкувала, пред неа се појавил еден човек. Бил многу гладен па побарал од жената да му даде било што за јадење. Жената веднаш посегнала за торбата да му извади нешто за јадење. Човекот го здогледал драгоцениот камен во нејзината торба, се воодушевил од него и побарал од жената да му го даде!

Таа му го дала без размислување.

Човекот продолжил понатаму презадоволен поради неговата луда среќа. Знаел дека каменот е толку вреден да му пружи сигурност за цел живот.

Но, после неколку дена се вратил назад да ја побара истата жена. Кога ја пронашол, и го вратил каменот назад и и рекол:

„Размислував долго. Знам колку овој камен е вреден, но ти го враќам со надеж дека од тебе ќе добијам нешто што е многу, многу повредно.

Ако можеш, дај ми го тоа што го имаш во себе што те поттикнало да ми го дадеш тој вреден камен.“

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: