16 Мај, 2024
0.0318

ПОВЕЌЕ ОД СВЕТА ВОЈНА: Што е џихадот и како настанал?

Објавено во: Свет, Стил 28 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Голем дел од муслиманите го прифаќа џихадот како интергален дел на исламот, меѓутоа она шо е важно е дека постојат повеќе облици на џихад, а некои од нив не се воопшто поврзани со војување.

Кога се зборува за исламот, на запад, посебно кај исламофобите, терминот “џихад“ е во тесна врска со насилство, тероризам и трајната војна на муслуманите против “неверниците“. Дури и оние со позитивен став кон исламот како религиско определување сметаат дека умерените муслимани не веруваат во џихад, туку таа доктрина ја застапуваат само радиканите струји.

Во реалноста поголемиот дел од муслиманите го прифаќаат џихадот како интегрален дел од исламот. Она што е важно е дека постојат повеќе облици на џихад, а некои од нив не се ни поврзани во војување.

121014124024-09-malala-mourning-horizontal-gallery

Многу муслимани го сфаќаат џихадот во некоја рака како еквивалент на западната “оправдана војна“. Муслиманската света книга Куран и понатаму дава низа на аргументи за тезата дека војната е оправдана единствено како средство на одбрана против нееднаквоста, угнетувањето и агресијата.

Главното прашање е, дали биографијата на Пророкот Мухамед го поддржува таквиот став?

Мухамед го спроведил првиот џихад во историјата кога ги мобилизирал муслиманските бегалци во Медина и ги повел во Мека. Околностите и контекстот на ова случување се клучни како за доктрината на џихадот, така и за исламската култура воопшто.

Дали Мухамед водел агресивна војна против Курејшите во Мека затоа што биле “неверници“ или водел правична војна за самоодбрана? Мотивот на Мухамед за овој поход е пресуден за исламското сфаќање на војната и мирот.

Mideast Yemen RamadanМухамед мирно го проповедал исламот во Мека цели 10 години пред да дојде до конечните судири. За тоа време првите муслимани биле прогонети, малтретирани, затворани и убивани. Историјата наместила приближно во исто време кога Мухамед го изгубил стрикото кој му гарантирал племенска поддршка, и кога ситуацијата за муслиманите во Мека станала неиздржлива, голема група на моќни и влијателни луѓе, во денешна Медина ја прифатиле новата вера.

Мухамед во тајност се состанал со овие луѓе во Мека, а тие му се заколнале на верност. Преку ноќ, муслиманите почнале да бегаат од Мека во Медина. Мухамед побегнал последен и така го извршил аџилакот познат како Хиџра (преселување).

Скоро деценија и пол, Мухамед ги советувал следбениците прогонот и понижувањата стрпливо да ги трпат. Може да се рече дека во тој период бил пример на човек кој одбива на насилството да одговори со насилство.

Сепак, кога новонастанатата исламска заедница се консолидирала после 10 години во Медина, се било спремно за пресметка со Курејшите во Мека и првиот џихад во историјата. Таква шанса Мухамед немал намера да пропушти. Убиството на муслиманите во Мека дало повод.

images (2)Дури во осмата експедиција која Мухамед ја покренал дошло до нови борби. Секој претходен пат, неговите непријатели се повлекувале пред бобрата. Силите на Мухамед, меѓутоа, напаѓале трговски каравани, а не регуларната војска која ги обновувала своите редови и се подгвотвувала да ја нападне Медина.

Кога Курејшите конечно стигнале пред упориштето на Мухамед со цел еднаш засекогаш да го избришат исламот од лицето на земјата, пред муслиманскиот пророк бил пред тежок избор: да се повлече или да остане да се бори портив побројниот непријател. Мухамед одлучил да се соочи со противникот и двете војски се состанале во битката на Бедра.

Битката на Бедра е прва голема битка во која се нашле меканските политеисти и муслиманите. Во оваа клучна битка за раниот ислам, муслиманите извојувале победа, а во историјтаа останала забележана како бтика во која се одиграла отворена “божествена интервенција“. Муслиманските извори наведуваат дека во неа учествувала Мелек Џибрил (архангел Михаил) и Иблис (Сатаната).

За да се прикаже Мухамед како агресор, исламофобите најчесто го занемаруваат страшниот прогон на раните муслимани и ја забораваат двојната природа на џихадот во историјата.

( Извор: Мојо)

Можеби ќе ве интересира

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра