18 Декември, 2025
0.0803

Повеќе инспектори за побрз транзит на храната

Објавено во: Економија 31 Мај, 2013 14:21

Добивај вести на Viber

Се интензивираат активностите за забрзување и олеснување на увозот и транзитот со храна. Технички се доопремуваат граничните премини и аеродромите, се изготвуваат системски решенија и се планира зголемување на бројот инспектори за ефективно завршување на процедурите.

Ова го соопшти заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Абдулезел Догани кој вчера во Стопанската комора имаше состанок со транспортерите и шпедитерите.

- Агенцијата за храна и ветеринарство, во интерес на унапредување на соработката ќе ги разгледа предлозите на транспортерите и шпедитерите, по што за 2-3 недели ќе се одржи уште еден, заеднички состанок, на кој ќе предложи и донесе конкретни мерки, рече Догани по состанокот.

Разгледани се повеќе прашања за унапредување на системите за контрола при увозот и транзитот на храна. Претставниците на Македонската транспортна асоцијација и на Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори предложија сет мерки со кои ќе се забрзаат инспекциските контроли на граничните премини и ќе се намали времетраењето на транспортот.

Во однос на плаќањето на давачките за извршените прегледи предложено е Агенцијата да разгледа можни решенија при обезбедувањето доказ дека плаќањето е извршено за да нема застој поради административни процедури. Во оваа насока, како што информира Догани, при контролите на храна која се превезува со железнички транспорт предложено е да се зголеми бројот на инспектори кога е најавено пристигнување храна на железничките гранични премини, како и зголемување на бројот на инспекторите на патните гранични премини во деновите или во периодите на денот кога е зголемена фреквенцијата на увоз или транзит на пратки со храна.

Според заменик директорот, дел од прашањата на транспортерите и шпедитерите веќе системски се решаваат преку подготвока на законски и поздаконски акти со цел забрзување и олеснување на постапките.

Можеби ќе ве интересира

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји