20 Декември, 2025
0.0432

„ПОВЕЌЕ НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО МИРНОДОПСКИ ПЕРИОД“: Фредериксен ќе се бори за построга имиграциска политика

Објавено во: Свет 08 Јули, 2025 14:45

Добивај вести на Viber

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска во Европскиот парламент изјави дека се залага за строга имиграциска политика „токму затоа што е социјалдемократка“, при претставувањето на претседавањето на нејзината земја со Европската унија, чиј акцент ќе биде ставен на безбедноста и зајакнувањето на конкурентноста на континентот.

Данска на 1 јули го презеде шестмесечното претседавање со ЕУ, осмо откако е членка на сојузот. Под мотото „Силна Европа во свет што се менува“, Данците истакнуваат дека досегашниот свет што обезбеди слобода и просперитет повеќе не може да се зема здраво за готово.

Данската премиерка во Стразбур ги претстави приоритетите на Копенхаген за тој период, предупредувајќи дека Европа се соочува со најголемите предизвици од 1940-те години – „бруталната“ руска војна во Украина, притисокот од миграциите, конфликтите на Блискиот Исток и заканата од трговски војни.

- Повеќе не живееме во мирнодопски период, рече социјалдемократката.

Фредериксен нагласи дека „намалувањето на трошоците за одбрана во последните 30 години беше огромна грешка што повеќе никогаш не смее да се повтори“ и дека Европа не смее да ја потценува „заканата од исток“.

Русија денес повеќе не дејствува сама, со неа се севернокорејски војници, ракети и дронови од Иран и воена технологија од Кина, па зајакнувањето на европската одбранбена индустрија е „апсолутен приоритет“, продолжи данската премиерка која претходно изрази амбиција Европа да може сама да се брани до 2030 година.

Данската премиерка, најмлада во историјата на Кралството, нагласи дека Копенхаген за време на претседавањето ќе инсистира на целосен прекин на увозот на руски гас и ќе оди чекор понатаму во однос на проширувањето.

Фредериксен му рече на Европскиот парламент дека „верува во национални држави“ и построги гранични контроли и нагласи дека ЕУ мора да контролира кој доаѓа на континентот.

- Токму затоа што сум социјалдемократка, верувам и се борам за построга имиграциска политика, бидејќи луѓето кои ја плаќаат цената на високото ниво на криминал во европските градови и несигурноста на која придонесе неконтролираната миграција се најзагрозените Европејци, истакна Фредериксен.

Таа повика на зајакнување на надворешните граници, намалување на приливот на мигранти, стабилизација на соседните држави на Европа и полесни и поефикасни репатријации. Фредериксен повика и на европски „напори кон поамбициозна светска зелена транзиција“.

Екстремните временски услови доведуваат до нови миграции, сиромаштија и политичка нестабилност, заклучи данската премиерка.

Фото: Принтскрин/Икс

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја