05 Декември, 2025
0.1205

Повеќе пари носат повеќе среќа

Објавено во: Стил 30 Април, 2013 11:00

Добивај вести на Viber

Среќата се купува со пари, а повеќе пари водат кон поголема среќа, покажуваат резултатите од најновото истражување на американските економисти.

Ништо не е ново во врската меѓу парите и благосостојбата, сепак новото истражување е спротивно на претходните истражувања според кои влијанието на парите врз факторот среќа се намалува над одредено ниво на приходи кои им овозможуваат на луѓето задоволување на основните потреби.

Економистите Бетси Стивенсон и Џастин Волферс од универзитетот во Мичиген во своето истражување наведуваат дека нема докази за „точка“ на заситување во врската пари-среќа.

- Врската меѓу парите и среќата што ја откриваме кај сиромашните е еднаква со таа кај богатите, тврдат авторите на истражувањето.

Стивенсон и Волферс заклучуваат дека врската меѓу парите и среќата е иста кога се прави споредба меѓу сиромашни и богати земји, како и кога се прави споредба меѓу богати и сиромашни луѓе во внатрешноста на една земја.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: