18 Декември, 2025
0.0612

Повисоки сметки за вода ќе плаќаат во Крива Паланка

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2013 12:10

Добивај вести на Viber

За водата за пиење наместо 17 денари за метар кубен домаќинствата во Крива Паланка ќе плаќаат по 24 денари. За правните лица износот од 26 денари се зголемува на 38 денари.

Зголемена е и цената на услугата за собирање смет за која наместо сегашните 143 денари месечно ќе се плаќаат по 230 денари, а за услугата за гробарина  наместо 300 денари на годишно ниво ќе се плаќа по 500 денари.

Ваквиот чекор за зголемување на цените на комуналните услуги Томе Тодоровски, директор на „ЈП „Комуналец“ вели дека е резултат од пресметките кои укажуваат за нормално функционирање на претпријатието.

Тодоровски потенцираше на фактот што ЈП „Комуналец“ во наредниот период има развојна програма во која се опфатени покрупните зафати, а тоа е реконструкција и проширување на водоводната мрежа, подобрувањето во собирањето на сметот, проширување на депонијата, одржување на јавните површини за здрава животна средина, изградба на капела и одржување на старите и нови градски гробишта. Единствениот начин според Тодоровски овие нови дополнителни финансиски средства е да ги обезбедат  преку зголемување на цените на услугите.

Можеби ќе ве интересира

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји