19 Декември, 2025
0.0549

ПОВЛЕКУВАЊАТА НА СТРУЈА ОД МАКЕДОНИЈА ОДАТ НА ПОВИСОКО НИВО: Ќе се дебатираат на Бордот на ЕНТСО Е

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2021 14:27

Добивај вести на Viber

Превземањата на струја кои МЕПСО ги прави заради недостигот на струја од домашните Електрани (ЕСМ) ќе бидат точка на дневен ред на Бордот директори на ЕНТСО Е , европска асоцијација на систем-оператори, дознава Фактор. 

Информацијата сепак ја потврди и директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани, но не соопшти детали со образложение дека тоа ќе го стори малку подоцна.

ENTSO-E, (Европската мрежа на преносни системски оператори за електрична енергија), е асоцијација за соработка на европските оператори за преносни системи. 

Македонија стана дел од проблемот кога МЕПСО во повеќе наврати повлекуваше струја од меѓународната мрежа за што веќе има пет предупредувања од Европскиот центар за пресметки кој ги регулира односите меѓу националните електроенергетски системи

Од електропреносниот оператор повеќепати потенцираа дека итно треба да се донесат мерки за справување со последиците со оваа криза додека температурите не почнат нагло да паѓаат.  

Како што веќе објавивме Владата во саботата донела Уредба за критериуми и услови за прогласување кризна енергетска состојба. Со тоа се создадени правни предуслови да може да се прогласи енергетска криза и рестрикции во снабдувањето на потрошувачите при што МЕПСО и ЕВН ќе можат да утврдат кои се приоритетни категории на потрошувачи на струја и да се овозможи нивно снабдување со електрична енергија. Уредбата е објавена во Службен весник бр. 246 на 2 ноември 2021 година.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии