Повторно избори во Италија?
Објавено во: Анализа, Свет 01 Јуни, 2013 08:30
Сепак многу е тешко да се каже колку долго може ваквата неприродна коалиција да опстои. За време на предизборната кампања Берлускони најавуваше нагло кратење на даноците, работа која тешко ќе пројде кај останатите коалициони партнери. Секако, тука е и главниот неекономски проблем затворската казна за Силвио Берлускони, која секако тој ќе се обиде по секоја цена да ја блокира и на крај да ја поништи. И за таа цел Берлускони максимално ја користи неговата медиумска империја, која пред некој ден емитуваше документарен фиил во кој се негираат сите обвинувања кои се насочени кон него, посебно они за сексуалниот скандал.
Се чини дека овие активности имаат резултат со оглед на тоа дека партијата не Берлускони е во водство, и тоа комбинирано пред партиите на Лета и Монти.
Ваквата ситуација ги подгрева шпекулациите дека Италија по којзнае кој пати ја очекуваат нови избори. Марио Монти во еден негов скорашен јавен настап изјави дека потребни се реформи на системот за гласење и дека во моментов нови избори не се приоритет. Монти е главната причина поради која владата за новите обрвзници плаќа камати помали од 4%, за разлика од 7% кои ги плаќаа во времето на Берлускони, ниво кое се сметаше за многу критично. Поранешниот премиер изјави дека сега Италија и Европа е многу поспремна за новите предизвици и дека најлошото е поминато.
Но, доколку најлошото не помине за Берлускони, нови избори веројатно се многу сигурни.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





