19 Мај, 2024
0.0441

Пожар проголта скромен дом на самохран татко во Куманово

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Потресна сторија во Куманово, пожар проголта скромен дом на самохран татко со две деца кои сега ќе останат на улица. Нивното живеалиште, објект на Македонски железници во кумановското село Речица, вчера целосно изгоре. 

„Изгоре сè што имавме. Целата покуќнина, облека, документите на мене и децата. Едното дете од 27 години ми е со посебни потреби, не знам каде ќе живееме понатаму. Овој објект беше нашиот дом, сега останавме на улица“, вели Момчило Стефановски, викан В’шка и самохран родител на две деца.

Пожарот го зафатил објектот на железничката станица во Речица вчера околу 14 часот, откако запалена сува трева во должина од 2 километри од селото Слупчане се проширила кон селото. Пожарот го забележале соседите и му се јавиле на Момчило, но додека тој пристигнал од градот со возило на противпожарната единица веќе било доцна. 

Пожарникарите се бореле со огнената стихија до 4 часот утринава. Во пожарот изгореле и околу 7 кубика дрва и мини столарска работилница, во која Момчило од хоби изработувал кафези и куќички за домашни миленичиња и го надополнувал скромниот семеен буџет. Во пожарот семејството останало и без десетината кокошки и исто толку мали кученца и две верверички кои ги чувале децата.

Граѓаните веќе размислуваат да преземат акција за помош на семејството Стефановски, а се чека и на надлежните за социјална политика да преземат нешто.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична