Позитивните трендови во побарувачката и понудата на кредити ги поттикнуваат банките да се прошират во регионот
Објавено во: Економија 11 Јули, 2025 08:38
· Побарувачката за кредити и понатаму останува силна, водена од корпоративниот и малопродажниот сектор.
· Банките очекуваат мало подобрување на условите за понуда на кредити во наредните месеци.
· Две третини од прекуграничните банкарски групи имаат за цел да ги зајакнат своите операции во регионот.
Најновото Истражувањето за кредитирање на банките во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) на Европската инвестициска банка, спроведено во првата половина на 2025 година, укажува на позитивна траекторија за кредитирање, со силна побарувачка, како од корпоративниот, така и од малопродажниот сектор. Тоа открива дека иако побарувачката за кредити се зголемила, понудата на кредити заостанувала во последните три години. Сепак, банките изразуваат оптимизам за мало олеснување на условите за понуда во текот на следните шест месеци, особено во однос на кредитирањето мали и средни претпријатија (МСП).
„Ова истражување го нагласува високиот пазарен потенцијал во Чешка, Бугарија, Словачка и Романија, при што профитабилноста е поголема во регионот во споредба со вкупното работење на банките во групацијата. Банкарскиот сектор во ЦИЈИЕ се покажува отпорен, а ЕИБ ќе продолжи да го поддржува растот на областа“, изјави Киријакос Какурис , потпретседател на ЕИБ. „Охрабрени сме од подобрувањата во банкарскиот сектор во ЦИЈИЕ во текот на изминатите шест месеци. Сепак, банките мора да останат будни со оглед на моменталните глобални предизвици.“
Клучните сознанија од истражувањето укажуваат на значителна сила на побарувачката за кредити, особено кај малите и средни претпријатија. Оваа побарувачка е поттикната од бизниси кои бараат финансирање за инвестиции и оперативни трошоци, како и од поединци кои сакаат да инвестираат во домување.
Дебора Револтела, главен економист во ЕИБ, изјави: „Подобрувањата во перспективите на банкарскиот сектор во ЦИЈИЕ во текот на изминатите шест месеци се знак за силата на системот. Сепак, глобалното опкружување укажува на претстојни структурни адаптации во реалната економија и пренасочување на трговските и инвестициските текови. Банките ќе бидат предизвикани да ја обезбедат потребната флексибилност за да се приспособи економијата.“
Понатаму, банките очекуваат мало подобрување на условите за понуда на кредити, што укажува дека практиките за кредитирање може да станат поповолни. Оваа промена е значајна, бидејќи означува пресврт од претходните трендови на порестриктивно кредитирање, кое е во сила од втората половина на 2021 година. Очекувањата за висока профитабилност меѓу прекуграничните банкарски групи, исто така, ја нагласуваат нивната посветеност кон регионот, што укажува дека банките гледаат потенцијал за долгорочен раст и покрај минатите и сегашните предизвици.
Истражувањетосе спроведува два пати годишно од страна на Европската инвестициска банка опфаќајќи околу 15 меѓународни банкарски групации и 85 локални подружници или независни локални банки. Заедно, тие сочинуваат повеќе од 50 % од банкарските средства во повеќето земји од ЦИЈИЕ. Истражувањето е достапно тука.
Основни информации
Европската инвестициска банка (ЕИБ) е институција за долгорочно кредитирање на Европската Унија во сопственост на нејзините земји-членки. Изградена околу осум клучни приоритети финансираме инвестиции што придонесуваат кон целите на политиката на ЕУ преку зајакнување на климатските активности и животната средина, дигитализацијата и технолошките иновации, безбедноста и одбраната, кохезијата, земјоделството и биоекономијата, социјалната инфраструктура, унијата на пазарите на капитал и посилна Европа во помирен и просперитетен свет.
Групацијата ЕИБ, која го вклучува и Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ), потпиша речиси 89 милијарди евра ново финансирање за над 900 проекти со големо влијание во 2024 година, зголемувајќи ја конкурентноста и безбедноста на Европа.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




