18 Декември, 2025
0.0591

Познати платите на директорите во националните културни установи: Најголемите до 1.500 евра

Објавено во: Економија 26 Ноември, 2020 07:00

Добивај вести на Viber

Министерството за култура со дозвола од Владата во последниот број од Службен весник за прв пат ги објави новите коефициенти за пресметка на платите на директорите од националните установи под негова надлежност.

Според рангирањето на коефициентите, најголеми плати имаат директорите на централните национални установи како  "Национална Опера и Балет", "Македонски народен театар", "Драмски театар", „Филхармонија на Република Северна Македонија“ и „Театар Комедија“. 

Според објавената одлука со која започнуваат со исплата октомвриските плати, коефициентите на овие пет институции изнесуваат од 4,9673 до 5,2147 и истите се множат со минимална бруто плата од 17.100 денари. Според тоа платите се движат помеѓу 85.000 и 89.000 денари.

Платите се одредуваат во зависност од видот на националната установа, статусот на матична установа, бројот на вработените, потребите на националната установа, сложеноста на работата и дејноста на националната установа.

Следни во низата, кои според коефициентите не се многу далеку од највисоките месечни доходи, се  "Народен театар" - Битола: 4,7846,  "Албански театар" - Скопје: 4,7846, Турски театар" - Скопје:4,7846, "Театар за деца и младинци" - Скопје: 4,7846 „Албански театар за деца и млади“: 4,7846, „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“: 4,4799, Национална установа Национална и Универзитетска Библиотека "Св.Климент Охридски" - Скопје: 4,2679, Ансамбл за народни игри и песни "Танец": 4,1753, итн. 

Од музеите, директорите на „Музеј на Република Северна Македонија“, „Музеј на современа уметност“ и „Археолошки музеј на Република Северна Македонија“, би имале бруто плати од 71.400 денари, колку што би имал и првиот човек на „Охридско лето“, како и националните галерии, конзерваторските центри и заводите за заштита на спомениците.

Кај установите со потесна жанровска специфика, коефициентот ќе се множи со бруто-плата од 18.500 денари, а според тоа, најголемита од 66.000 денари ја добиваат директорите на „Природонаучен музеј“, Археолошкиот локалитет "СТОБИ", "Конзерваторски центар" - Скопје, Универзитетска библиотека "Св.Климент Охридски" и "Центар за култура" во Битола, манифестација "Струшки вечери на поезијата", "Спомен куќа на Мајка Тереза" и други.

Помалку платени се директорите на локалните установи како "Спомен куќа на Тодор Проески" "Историски музеј" - Крушево и "Музеј на албанската азбука" - Битола, каде што платите се движат од 59.200 до 56.300 денари.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје