24 Јуни, 2025
0.0257

Практикантство за нови зелени вештини за идните растечки пазари на работни места

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2025 13:07

Добивај вести на Viber

За да се поттикнат вештини за работните места во растечките сектори, средните училишта за стручно образование и обука (СОО) неодамна потпишаа Меморандум за разбирање со шест јавни институции за да се поддржи развојот на зелени вештини кај учениците преку практична настава. Новите партнерства помеѓу средните училишта за стручно образование и обука и јавните институции се резултат на соработката помеѓу УНИЦЕФ, Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука, со финансиска поддршка од Групацијата Нелт и Шведска.

Оваа иницијатива доаѓа во прав момент, бидејќи работните места за енергетски технологии, заштита на животната средна и одржливост се меѓу најбрзо растечките пазари за работни места, додека вработените кои имаат зелени вештини значително ги надминуваат останатите во однос на стапката на вработеност, според последниот Извештај за иднината на работните места – Светски економски форум.

„Како што се зголемуваат еколошките предизвици, така се зголемува и потребата од стручна работна сила која е оспособена да помогне за унапредување на климатската отпорност и  одржливоста. Преку продлабочено разбирање на еколошките прашања и обезбедување можности адолесцентите да развиваат практични вештини, ние ја оспособуваме следната генерација да гради одржлива и отпорна иднина“, изјави Силвија Кјаручи, заменик  претставничка на УНИЦЕФ.

Според УНИЦЕФ, невработеноста на младите во Северна Македонија изнесува 28,6 проценти, и е двојно повисока од севкупната стапка на невработеност од 13 проценти. Меѓу останатото, постојат диспаритети во квалификациите и иако постојат позитивни заложби да се подобри стручното образование и обука, сепак опстојува значителен јаз помеѓу вештините што се учат и побарувачката на пазарот на работни места. Новите можности за практикантство за зелени вештини имаат за цел да ги премостат овие јазови преку овозможување практични искуства за учениците, правејќи ги поконкурентни и подобро подготвени за кариера во брзорастечките области.

„Учењето во училишните клупи добива вистинска вредност тогаш кога ученикот ќе излезе надвор од ѕидовите на училиштето и ќе се соочи со реалниот свет. Затоа, практичното образование – особено она кое се реализира во реални услови, во институции и компании – претставува клучен сегмент во процесот на оформување на квалитетен, способен и компетентен кадар“, изјави Бесник Зендели, директорот на Центарот за стручно образование и обука.

„Преку соработката со УНИЦЕФ и државните институции, нашата цел е да се премостат празнините помеѓу наставата и вработувањето,  и со тоа да придонесеме за одржлив развој и подобра иднина. Со инвестиција од 330,000 американски долари од Групацијата Нелт,  вештините на 500 ученици од 20  училишта за стручно образование и обука ќе се зајакнат преку практична настава и практикантска работа во летниот период”, вели Сашко Блажевски, извршен директор на  Нелт СТ, истакнувајќи дека Групацијата Нелт силно верува дека континуираната едукација и развојот на вештини за 21-от век се клучни и за општеството и за економијата.

Меѓу јавните институции кои се приклучија на соработката се Управата за хидрометеоролошки работи, Сеизмолошката опсерваторија при Факултетот за природни науки, Железници Транспорт АД, ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна  Македонија, Агенција за катастар и А.Д. Пошта на Северна Македонија.

Благодарение на партнерствата со Групацијата Нелт и Шведска,  УНИЦЕФ го поддржува Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и наука за развој на зелени наставни програми, обуки за наставниците и менторите, и олеснување на практичната настава со цел сите ученици во СОО да учат за животната средина и климата низ призмата на нивната струка.

Ќе следат повеќе партнерства, при што се очекува над 40 научни и јавни институции да ги отворат своите врати за учениците и да им понудат целисходно практично искуство коешто подобро ќе ги подготви за новите барања на пазарот на трудот.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Енергетска ефикасност и заштеда на трошоци: Пронаоѓање на вистинскиот снабдувач со електрична енергија

Енергетска ефикасност и заштеда на трошоци: Пронаоѓање на вистинскиот снабдувач со електрична енергија

Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба Фактите на прво место

Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба Фактите на прво место

ФОТО-ВЕСТ: Македонски успех на Аксиос Про Скопје на трката Gran Fondo Novi Sad 2025

ФОТО-ВЕСТ: Македонски успех на Аксиос Про Скопје на трката Gran Fondo Novi Sad 2025

Гоу Грин организира национално вмрежување за урбан велосипедизам

Гоу Грин организира национално вмрежување за урбан велосипедизам

Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот

Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот

Добиј 10% cashback на сите твои летни трансакции со бесплатната ProYOUng дебитна картичка за млади

Добиј 10% cashback на сите твои летни трансакции со бесплатната ProYOUng дебитна картичка за млади

A1 Македонија ги отвора вратите за идната генерација на млади професионалци преку практикантската програмата A1 WayUp

A1 Македонија ги отвора вратите за идната генерација на млади професионалци преку практикантската програмата A1 WayUp

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања