28 Ноември, 2024
0.0292

Прашања без одговори за „Јужен поток” во Бугарија

Објавено во: Балкан 09 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Роковите за почетокот на изградбата на „Јужен поток" ќе бидат испочитувани, иако проектот за гасоводот се реализира со одредено задоцнување. Ова вчера го изјави Алексеј Милер, претседател на Управниот одбор на „Гаспром", кој пристигна во Бугарија на работна средба со премиерот Пламен Орешарски и министерот за економија и енергетика Драгомир Стојнев. Немаме никакви сомнежи дека во декември 2015 година во Бугарија ќе пристигне првата цевка за гас, изјави шефот на „Гаспром" по средбата. На средбата биле разгледани и прашања поврзани со реализацијата на проектот, како и активностите кои треба да бидат извршени во скоро време. Изјавите на Милер и Стојнев сепак не дадоа податоци за некои од главните проблеми кои стојат пред реализација на проектот. Во разговорот се претпоставува дека станало збор и за финансирањето на проектот , како и за европските регулаторни пречки пред договорените параметри во билатералниот договор. Забрзување и финансирање Премиерот Орешарски и наложи на администрацијата да вложи дополнителни напори за да се забрза работата на проектот, изјави Стојнев. „Оваа година треба да имаме конечен детален план, завршна оценка за влијанието врз животната средина, конечниот технички проект и да се аплицира за дозвола за градба", рече тој. Бидејќи имало одредено задоцнување, ние ќе ја забрзаме работата, бидејќи за нас е важно да има диверзификација на маршрутата за снабдување со природен гас ", изјави министерот. „Јужен поток" останува стратешки проект за државата, рече Драгомир Стојнев, истакнувајќи дека гасоводот ќе се финансира по основ на проект, но нема да се трошат парите на бугарските даночни обврзници. За финансирање на активностите во бугарскиот дел нема да има никакви проблеми, изјави од своја страна Алексеј Милер. Според него, цената на бугарскиот дел од проектот ќе биде 3,1 милијарди евра. Шефот на „Гаспром" потврди дека руската страна е подготвена да ги финансира во полн обем градежните работи, а уделот на бугарската страна требало да биде утврдена врз основа на дополнително утврдените надоместоци за пренос на гас за време на експлоатацијата на гасоводот. Како ќе биде оформен овој заем од „Гаспром", и што ќе треба да направи Бугарскиот енергетски холдинг, дополнително ќе се открие, пишува бугарскиот портал Капитал. Неодговорени прашања Пред „Јужен поток" во Бугарија сепак остануваат најважните проблеми од бугарска и европска перспектива - од една страна, тој не помага за диверзификацијата на понудата, бидејќи иако во нова цевка, Бугарија ќе остане целосно зависна од рускиот гас, а од друга страна „Газпром" сака да има меѓу 80 и 100% од капацитетот на гасоводот. Тоа противречи на третиот либерализационен пакет на ЕУ, кој ги обврзува сите нови инфраструктурни проекти за пренос на енергија да се отворени за пристап и за други компании, анализира бугарски Капитал. Од руската страна се обидоа да најдат излез од ситуацијата, како најавија дека изградбата е започната пред законот да влезе во сила (договорот меѓу Бугарија и Русија е од 2006 година). Од Европската комисија, сепак, одговорија дека „Јужен поток" не излегува надвор од рамките на Третиот либерализационен пакет.  Ако Бугарија сака да ги испочитува европските правила, таа се соочува со алтернативата или да преговара за билатералниот договор со „Гаспром", или да го прекине, што сепак ќе доведе до плаќање на казни. Санкции исто така најверојатно ќе има и ако земјата не се усогласи со европските регулативи.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“