07 Октомври, 2024
0.0259

Пратеникот Алими ќе биде приведен доколку не дојде на следното рочиште

Објавено во: Македонија 26 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Пратеникот Ејуп Алими ќе биде приведен доколку не присуствува на следното судско рочиште кое денеска се одложи откако собранискиот спикер Талат Џафери го оправда неговото отсуство, според најавите на претседателката на Судечкиот совет, Марија Клетничка Марковска, во случајот „Титаник 3“.

Главната расправа за судскиот предмет денеска беше одложена за 13 септември поради отсуство на обвинетиот Алими, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери го известил судот дека тој во својство на пратеник и координатор на ДУИ учествува во работата на редовните координативни средби кои се одржуваат секој понеделник.

Судијката Клетничка Марковска додала дека на обвинетиот ќе му се достави покана на домашна адреса и на работно место на која ќе пишува „задолжително присуство со приведување“ што би значело дека доколку тој не се појави на следното закажано рочиште, со полиција ќе биде спроведен во судот.

На денешното рочиште за предметот на СЈО, „Титаник 3“, требаше да бидат испитани обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, кој не се појави на судењето. Клетничка Марковска констатира дека и минатото рочиште се одржало во понеделник, а терминот бил претходно даден. Судот даде пауза од 15 минути за да одлучи што понатаму. На претходното рочиште адвокатите побараа изземање на обвинителите, но не го добија.

Во третиот „Титаник“ на СЈО обвинети се пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, заменик-директорот на УЈП Скопје. Како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година, тие уништиле изборен материјал. Според обвинението, Алими и Гури влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ. Првото рочиште за предметот се одржа на 16 март 2018 година.


Можеби ќе ве интересира

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода