ПРАТЕНИКОТ ЗЕКИРИ НАЈРАДОСЕН ПО ВЕСТА - еве што кажа по разрешувањето на реисот Реџепи
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2020
Речиси очекувано, пратеникот Мухамед Зекири реагираше радосно на веста за разрешувањето на реисот Реџепи од функцијата.
Наша претпоставка е дека неговиот последен пост се однесува на човекот со кој Зекири беше во долгогодишна вербална војна.
„Алах да не ги одзема душите на изрезилените без да им ги земе лицата !!!“, напиша Зекири на својот профил на фејсбук.
Потоа следуваат лавина од коментари од муслиманските верници, од кои дел сметаат дека реисот ќе недостига како прв човек на Исламската верска заедница, а други, пак, мислат дека е добро што е сменет реисот.
Еден од верниците пишува.
„Ќе го разберете недостатокот на Сули и способноста да управувате со политичките и религиозните кризи откако ќе експлодираат и резили кај нас. Верувајте ни тогаш ќе го разберете неговото отсуство“, се вели во еден од коментарите.
Други, пак, му изразуваат чест на Зекири што бил прв што му објавил војна на Реџепи.
„Храбрите излегуваат откако ќе заврши војната! Вие бевте првиот што имавте чест што му објавивте војна на овој човек! Ви честитам за победата и одлучноста над криминалната група која беше узурпирана исламскиот партнер!“, се вели во еден од коментарите.
„Едногласно донесеовме одлука за разрешување на госпидин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница“, изјави Ефенди Шаќир Фетаху.
До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија.
Долг период наназад пратеникот на СДСМ МухамедЗекири беше во постојан антагонизам со поглаварот на ИВЗ, често го критикуваше во јавноста и обвинуваше за наводни криминални активности.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.