20 Декември, 2025
0.1230

Правдата и правото: Mерка притвор на Бобан Илиќ до правосилноста на пресудата за случајот со четиригодишниот Алмир

Објавено во: Македонија 07 Април, 2018 16:03

Добивај вести на Viber

(МИА) - Основниот суд во Куманово на барање на надлежен јавен обвинител од кумановското Основно јавно обвинителство му определи мерка притвор на Бобан Илиќ, кој беше осуден со првостепена пресуда за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Како што соопшти прес-службата на ОЈО Куманово, надлежен јавен обвинител од ова обвинителство до Основниот суд Куманово достави Предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице Илиќ, кој беше осуден со првостепена пресуда за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 ст. 2 во врска со член 297 ст. 1 од Кривичниот законик.

- Обвинителот побара лицето да биде задржано во притвор до правосилноста на пресудата, со цел да се обезбеди неговото присуство. Кривичниот совет на Основниот суд Куманово го прифати предлогот и определи мерка притвор за обвинетото лице, се наведува во соопштението од ОЈО КУманово.

Основниот суд Куманово во четвртокот ја објави пресудата во „случајот Алмир“ и првообвинетиот Бобан Илиќ го прогласи за виновен  за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и имотот и му одреди казна затвор од шест години. Судот за виновен го прогласи и второбвинетиот Седат Алиу, таткото на  Алмир, определувајќи му казна затвор од шест месеци. По девет месеци затвор, за сторено кривично дело насилство, добија трето и четвртообвинетите Сами Демири и Абдула Алиу.

извор: МИА


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки