15 Декември, 2025
0.0381

ФАКТОР ДОЗНАВА

ПРАВЕЛЕ ЛАЖНИ ФАКТУРИ, СИ ПЛАЌАЛЕ КИРИИ МЕЃУ СЕБЕ: Што најде ФИТР пред да згасне и да ги даде надлежностите на новата агенција ИНОВА

Објавено во: Економија 22 Август, 2025 10:55

Добивај вести на Viber

Девет нови компании ќе заработат кривични пријави, под сомнеж за испраќање лажни фактури – една во сметководство, друга во ревизија, трета во Фондот за иновации и технолошки развој, дознава Фактор. Дел од овие фирми, според нашите информации, меѓусебно си наплаќале кирии, користеле исти софтвери и исти алатки, а предметите веќе се подготвени за пријава. Има и компании кои зеле државни пари преку ФИТР, а кои се под ревизија.

Овие наводи го означија и крајот на Фондот за иновации, чии надлежности од вчера се под капата на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво.

Последниот директор на Фондот, Никола Додов, лани обвини дека буџетот на ФИТР бил оштетен за 3,2 милиони денари од компании кои добивале грантови за фиктивни, но и неуспешни проекти, а предмет на истрага биле 60 компании. Сега, во изјава за Фактор вели дека веќе почнале да се наплаќаат парите преку извршители, но има проблем со дел од фирмите, кои во меѓувреме биле затворени.

„Голем дел се на извршител и се наплаќаат сумите и си ги префрла на државен буџет. Има и затворени фирми, предадени се на Финансова и на Организиран криминал на МВР. До оние кои имаат активна обврска, но ги избегнале обврските за исплата на оперативна добивка и ројалти кон Фондот, а се под договор, доставена им е опомена пред тужба“, рече Додов за Фактор.

Надворешниот Комитет кој одлучува за договорите пак, деновиве донел нова одлука – раскинати се уште 17 договори, а од нив 13 веќе се дадени на извршител. За останатите четири имало жалби кои мора повторно да поминат пред Комитетот.

Додов пред примопредавањето на функцијата на директорката на новоформираната ИНОВА, Даниела Димовска, преку социјалните мрежи обвини дека институцијата како таква не постои затоа што ја изгубила суштината, поради злоупотреби и клиентелизам.

„Овој Фонд, како што беше досега, повеќе не постои. Постои само визија за нова, чесена и силна институција, што ќе служи на граѓаните, а не на поединци. Не затоа што не ни треба институција за поддршка на иновации, туку затоа што оваа форма на институција одамна ја изгубила својата суштина. ФИТР, каков што го затекнавме, беше синоним за злоупотреба, клиентелизам и заробена структура”, напиша Додов.

Фондот последните години го тресеа низа скандали – од фиктивни проекти, до прелевање на пет милиони денари за проекти на две фирми на Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Кривични пријави се поднесени и против поранешните директори на ФИТР, Фестим Халили и Коста Петров, под сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и овозможиле незаконски исплати на грантови, а за три проекти: „Грин Хојо“, „Фротирка АД Делчево“ и „Тајната на Римјаните“ - за штета врз буџетот од над 23 милиони денари.

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден