18 Април, 2025
0.0274

ПРАВЕЊЕТО НОКТИ Е ПОШТЕТНО ОД СОЛАРИУМ: Дерматолозите предупредуваат- може да доведе до траен деформитет

Објавено во: Општо 16 Октомври, 2022 12:21

Добивај вести на Viber

Сѐ повеќе жени одат на лекар поради паѓање на ноктите: Дерматологот Јована открива дека маникирот е поштетен од солариумот, а може да се појават и деформитети.

Денес речиси секоја жена оди на маникир, тоа едноставно стана секојдневие.

Дали некогаш сте се запрашале дали е добро и како влијае на вашето здравје? Најновите истражувања покажуваат дека во последните години има се повеќе случаи на меланом, веднаш под и околу ноктот. Габичните и бактериските инфекции стануваат се почести, како и алергиите и сериозните деформитети.

За естетски фиксирање на ноктот се користи хемија која ја оштетува плочката на ноктот, открива за Магазин на Првото радио во Белград, дерматологот д-р Јована Пелемиш, пишува Мондо.

"Повеќето маникири не се едуцирани како правилно да ја третираат плочката за нокти. Ризик е и материјалот со кој работат. Треба да биде стерилен и да се користи само еднаш за секој клиент", предупредува д-р Пелемиш.

Според неа, најопасен дел од процедурата за маникир е зрачењето на УВ ламбата, што е уште поопасно од самиот солариум. Таа објасни дека тоа е УВА зрачење, додека во солариум сте изложени на УВБ зрачење. Д-р Пелемиш советува кожата на рацете да се заштити со фотозаштитна крема.

Како што објасни таа, пациентите се почесто доаѓаат кај дерматолозите со многу непријатна клиничка слика која се јавува како последица на дехидрација на ноктите, габична или бактериска инфекција. Затоа е важно навреме да се препознае проблемот. Првите знаци се одвојување на ноктот или промена на неговата боја.