20 Декември, 2025
0.0397

Германските инвеститори со критика за правната сигурност и администрацијата

Објавено во: Економија 24 Април, 2013 19:10

Добивај вести на Viber

Високи 90% од членките на Македонско-германското стопанско здружение сакаат да инвестираат повторно во Македонија. Ова го покажа анкетата за бизнис климата во државава која ја спроведе стопанското здружение заедно со Унијата на германските комори за индустрија и трговија во Скопје. Анкетирани се 165 членки на ова здружение. Според германските инвеститори, економската состојба во земјава е задоволителна, и Мкаедонија има иднина како економска дестинација. Она што им пречи пак е неефикасноста на јавната администрација, правната сигурност и процесот за членство на државата во ЕУ. Сепак половина од  членките на Македонско-германското стопанско здружение планираат зголемување на инвестициите, како и раст на извозот. 21% од анкетираните фирми изјавиле дека состојбата им е подобра од лани, 48 проценти дека нема да се промени, а 21 отсто мислат дека состојбата ќе се влоши. Во однос на бројот на вработените, споредено со лани, 33 проценти од фирмите изјавиле дека ќе вработуваат, за 44 проценти бројот на вработени останува ист, додека 23 отсто очекуваат намалување на бројот на своите работници.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба