Празникот повод за покачување на цените, граѓаните не штедат за богатата софра
Објавено во: Македонија 06 Април, 2018 18:23
Повторно покачување на цените на скопските пазари.Во пресрет на последните подготовки за дочекување на најголемиот христијански празник Велигден - граѓаните растрчани по намирници за да ја комплетираат велигденската трпеза со традиционалните прехранбени производи, се вели во сторијата на ТВ 24.
За граѓаните најважни се јајцата украсени во најразлични бои, но и секако јагнешко, вино и салати. За табла јајца плаќаат од 150 до 180 денари, за килограм јагнешко околу 350 денари, домати од 80 до 100 денари и зелена салата од 20 до 40 денари. За ваквата состојба граѓаните велат дека покачувањето на цените на домашните тезги стана вообичаена практика за време на големите празници како што се Божик и Велигден. Но велат дека поради големината на овој христијански празник сепак пазаруваат и покрај зголемените цени.
„За празникот има вообичаено покачување на цените“,
„Има разлика во цените, сега и повеќе се троши“
„Пред празници има поскапување, но ќе си дозволиме иако е поскапо“, велат анкетираните граѓани
Трговците пак поделени, дел се правдаат дека цените се прифатливи и нема поскапување, но стандардот е низок. Велат од година во година граѓаните се помалку се на тезгите а се повеќе во во маркетите и трговските центри.
„Сѐ е исто, нема поскапувања“,
„Повеќе одат во маркетите, но се продава нешто“,
„Не е како годините наназад, секој штеди“, велат трговците
Погледнете ја сторијата на ТВ24.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




