23 Јуни, 2024
0.3199

ПРЕЧИСТИТЕЛНИТЕ СТАНИЦИ ЗА ВОДА НЕ ФУНКЦИОНИРААТ - ИМА ЛИ РЕШЕНИЕ ЗА ОГРОМНИОТ ПРОБЛЕМ?

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Во најмалку 34 населени места во државата итно се потребни нови пречистителни станици. Дури 17 пречистителни станици во Северна Македонија се комплетно нефункционални.

Отпадните води од домаќинствата и индустријата се сериозен проблем за животната средина, но државата не одвојува средства ниту за модернизирање на постоечките, ниту за изградба на нови пречистителни станици, поради како што велат, недостатокот на средства за инвестиции.


Решение постои во средствата од околу половина милијарда евра за нови пречистителни станици од меѓународни фондови и ЕУ, но за да се дојде до нив потребно е знаење и капацитет на институциите за изработка и управување со проектите.

Првиот проблем со кој се соочуваат општините и јавните претпријатија е недостатокот на стручни лица кои знаат да подготват проектна документација и апликација, како и да го водат процесот од идеја до изградба и ефикасно управување со процесите во пречистителните станици. Со други зборови, недостасува интерес и знаење. 

Како една од ретките сериозни можности за излегување од крајно неповолната ситуација е програмата за пречистителни станици на RCDN, која спроведува обуки за трите најважни сегменти од овој проблем:

1. Oбука за градоначалниците, министерствата, директорите на јавните претпријатија, да носат одговорни одлуки, бидејќи пречистителните станици се голема инвестиција каде не смеат да се дозволат никакви експерименти и импровизации

2. Oбука за инженери и менаџери за тоа што се е потребно за подготовка, пишување на проект и апликацијата и управување со процесот на изработка на документацијата

3. Обука за персоналот во постоечките станици, за надградба на знаења и вештини и зголемување на ефикасноста на работењето на станиците и нивното одржување, како и намалување на трошоците за третман на отпадните води.

Повеќе детали за програмата за обуки и каде да се пријавите за истите можете да дознаете на линкот.

Доколку јавноста биде гласна и побара решение, локалните власти и јавните претпријатија ќе мораат да реагираат на овој огромен и опасен проблем.

За да не се исклучуваат станиците со цел да не трошат струја, туку истите да работат ефикасно и со пониски трошоци.

За сите населени места да добијат пречистителни станици и незагадена вода.

За сигурна и безбедна животна средина.

Ова се проблеми кои мора да ги решаваме денес, зошто утре ќе биде доцна. Времето истекува...

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈСТВО ЗАГЛАВЕНО ВО ПОПЛАВЕНА КУЌА: екипи од Тетово испратени да ги спасат

СЕМЕЈСТВО ЗАГЛАВЕНО ВО ПОПЛАВЕНА КУЌА: екипи од Тетово испратени да ги спасат

Поради обилни врнежи сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата

Поради обилни врнежи сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата

ОДРОНИ И КАЛ НА АВТОПАТОТ КАЈ ТЕТОВО: од невремето карпи паднаа на улицата и направија проблеми во сообраќајот (ВИДЕО)

ОДРОНИ И КАЛ НА АВТОПАТОТ КАЈ ТЕТОВО: од невремето карпи паднаа на улицата и направија проблеми во сообраќајот (ВИДЕО)

ВЕТРОТ ОТКОРНА ЖЕЛЕЗЕН МОСТ: оштетени возила кои поминувале под мостот (ФОТО)

ВЕТРОТ ОТКОРНА ЖЕЛЕЗЕН МОСТ: оштетени возила кои поминувале под мостот (ФОТО)

ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИТЕ НИЗ СКОПЈЕ - проодноста отежната, возачите бараат алтернативни решенија (ФОТО)

ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИТЕ НИЗ СКОПЈЕ - проодноста отежната, возачите бараат алтернативни решенија (ФОТО)

НЕВРЕМЕТО ПРИСТИГНА И ВО СКОПЈЕ: силен дожд, проследен со грмотевици и град (ВИДЕО)

НЕВРЕМЕТО ПРИСТИГНА И ВО СКОПЈЕ: силен дожд, проследен со грмотевици и град (ВИДЕО)

Замина Исуф Кадриу, заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ

Замина Исуф Кадриу, заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ

„Македонија не смее да остане на опашката во евро интеграциите“: Муцунски вели „ќе работиме макотрпно“

„Македонија не смее да остане на опашката во евро интеграциите“: Муцунски вели „ќе работиме макотрпно“

ЕВН ЌЕ ЈА ИСКЛУЧУВА СТРУЈАТА ВО ТЕТОВО УЛИЦА ПО УЛИЦА: по барањата на пожарникарите

ЕВН ЌЕ ЈА ИСКЛУЧУВА СТРУЈАТА ВО ТЕТОВО УЛИЦА ПО УЛИЦА: по барањата на пожарникарите