19 Декември, 2025
0.0689

ПРЕД КОНКУРЕНЦИЈАТА: НЛБ Тутунска банка според поделените кредити лани е на прво место!

Објавено во: Економија 07 Март, 2016 08:03

Добивај вести на Viber

Менаџментот на НЛБ Тутунска банка поставил најдобра стратегија и кај депозитната политика: банката привлекла 4,75 милијарди денари нови депозити, што е најдобар резултат во однос на двете најголеми конкурентски банки НЛБ Тутунска банка ги зголемила кредитните пласмани за 5,2 милијарди денари во 2015 година, што е убедливо најголем раст на кредитите дадени на клиенти во споредба со двата најголеми ривали „Комерцијална банка“ и „Стопанска банка Скопје“, покажуваат официјалните податоци од неревидираните биланси што ги објавија трите најголеми деловни банки деновиве. Според официјалните податоци на крајот на 2015 година НЛБ Тутунска банка во кредитни пласмани има 43,67 милијарди денари што е за 5,2 милијарди денари (84,3 милиони евра) повеќе во однос на реализацијата на крајот на 2014 година. Од другите две големи банки во земјава лани најголема конкуренција на НЛБ Тутунска банка била Стопанска банка Скопје. Според официјалните податоци таа банка на крајот на 2015 година во кредитни пласмани имала 55,57 милијарди денари што е за 4,16 милијарди денари повеќе во однос на 2014 година. Кај „Комерцијална банка“ податоците покажуваат дека кредитирањето било на исто ниво како и во 2014 година односно 47,6 милијарди денари. НЛБ Тутунска банка лани ја победила конкуренцијата и во категоријата раст на  депозити од своите коминтенти. Имено депозитите во НЛБ Тутунска банка на крајот на 2015 година достигнале до 56,7 милијарди денари што е за 4,75 милијарди денари (околу 77 милиони евра) повеќе од однос на крајот на 2014 година. Во оваа категорија на споредба голем ривал била „Комерцијална банка“ која собрала 3,9 милијарди денари нови депозити во својата база која на крајот на 2015 година достигнала 83,8 милијарди денари  и е најголема во апсолутен износ во однос на конкуренцијата. Најдобрите резултати во двете категории укажуваат на заклучок дека менаџментот на банката успеал да направи најпривлеќни услови за кредитирање на клиенти, а во исто време успеал да создаде и најпривлечни услови за штедачите. Според официјалните податоци НЛБ Тутунска банка лани бележи силен раст на нето приходите од камати и тоа повеќе од 20 отсто во споредба со 2014 година до ниво од 2,43 милијарди денари односно за 430 милиони денари повеќе од 2014 година. Нето приходите од провизии и надоместоци бележат минимален и занемарлив пад. Резервациите очекувано бележат раст, заради кредитната експанзија, до ниво од 984 милиони денари, што е 9 отсто повеќе од 2014 година. Солиден раст во 2015 година банката има и кај нето добивката која достигнала 832 милиони денари што е за 24 отсто повеќе од 2014 година. Прометот со акцијата на НЛБ Тутунска банка значајно се интензивираше во изминативе пет трговски дека пред објавата на финансиските резултати. За овој период беа истргувани вкупно 500 акции од кои најголем број на цената од 7.600 денари. Очигледно дека растат очекувањата на инвеститорите дека ќе се повтори ланската година кога оваа банка подели солидна дивиденда (околу 550 денари бруто) по што цената на акциите значајно се зголеми од ниво од над 5.000 денари до плафонот од 7.800 денари за акција. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка