„ПРЕД ОЧИТЕ МИ Е САМО ЕДНА СЛИКА“: Исповед на фудбалерот кој паѓал заедно со мостот во Џенова
Објавено во: Свет 16 Август, 2018 14:23
Двајца италијански фудбалери со неверојатна среќа ја преживеале трагедијата на мостот Моранди кој се урна во вторникот на автопатот кај Џенова.
Поранешниот голман Давид Капело ја преживеал стравичната несреќа кога италијанскиот надвозник се урнал кај Џенова.
Капело имал неверојатна среќа откако мостот почнал да се урива, а според зборовите на италијанскиот портал illusidario.net, во својот автомобил паѓал 80 метри низ мостот кој се уривал.
„Паѓав заедно со мостот и не знам што ме спаси. Автомобилот е уништен, но јас сум добро. Кога излегов од автомобилот врнеше премногу дожд“, го снимил фудбалерот во гласовна порака на WhatsApp и додал дека ни сам не знае дали молња удрила во мостот или не.
„Пред очи ми е само една слика: мост кој се урива“, ги пренесуваат италијанските медиуми зборовите на Капело.
Ги замолил пријателите да се молат за Џенова
Италијанскиот фудбалер Доменико Крисцито пак мостот Моранди го поминал само 10 минути пред трагедијата. На својот Инстаграм профил тој им упатил поддршка на настраданите и нивните семејства.
„Го пишувам ова поради оние кои се грижат за мене и моето семејство. Сите сме добро иако на тој мост бевме само 10 минути пред да се урне“, ја започнал пораката Крисцито.
„Сочувствувам со семејствата на жртвите. Невозможно е мостот на автопатот така да се урне. Невозможно! Мораме да направиме нешто за оваа земја. Поради вакви работи луѓето бегаат од земјата. Ни треба безбедност, ни треба некој да направи нешто. Ова е ужасно“ - пишува фудбалерот кој ги замолил пријателите да се молат за Џенова.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




