11 Јануари, 2025
0.0268

ГАШИ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ИЛИРЕ ДАУТИ: Toa е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Собранискиот претседател Африм Гаши, објаснува дека изгласувањето на интерпелацијата за пратеничката Илире Даути од ДУИ, претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, не значи и разрешување од комисијата. 

,,Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот”, стои во соопштението од Собранието.

Пратеникот на коалицијата ВЛЕН, Халил Снопче на пленарната седница во Собранието изјави дека Илире Даути не е разрешена, таа и понатаму останува претседател на Комисијата за социјални работи и демографија и млади.

Интерпелацијата на Даути помина вчера во Собранието, а другите за министрите Изет Меџити, Иван Стоилковиќ и Панче Тошковски не поминаа. 

ДУИ се разочарани од одлуката која ја донесе Собранието. 

Инаку интерпелацијата за Илире Даути ја поднесе Левица, бидејќи таа не сакаше да закаже седница на Комисијата во врска со Законот за бранители, предложен од СДСМ, чии пратеници денеска не беа во собраниската сала.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ќе имаме ли снег и на пониските места?

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ќе имаме ли снег и на пониските места?

УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА: Ова се македонските борбени хеликоптери М-24

УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА: Ова се македонските борбени хеликоптери М-24

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЧИСТ ВОЗДУХ: Еве каква е состојбата

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЧИСТ ВОЗДУХ: Еве каква е состојбата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Интерпелацијата за Илире Даути помина, за Меџити, Стоилковиќ и Тошковски се отфрлени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Интерпелацијата за Илире Даути помина, за Меџити, Стоилковиќ и Тошковски се отфрлени

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за Меџити

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за Меџити

КРМОВ: Левица нема да ги поддржи етнички мотивираните интерпелации на ДУИ

КРМОВ: Левица нема да ги поддржи етнички мотивираните интерпелации на ДУИ

НАЈДЕНО Е КАЈ ТАОР: Тело на почината жена е извлечено од реката Вардар

НАЈДЕНО Е КАЈ ТАОР: Тело на почината жена е извлечено од реката Вардар

ДУИ OTKAKO ПОМИНА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ДАУТИ: Oваа влада дејствува со логика на исклучување и реваншизам

ДУИ OTKAKO ПОМИНА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ДАУТИ: Oваа влада дејствува со логика на исклучување и реваншизам

ТОШКОВСКИ: Граѓаните кои не ги смениле личните карти можат да ги користат до датумот на истекување

ТОШКОВСКИ: Граѓаните кои не ги смениле личните карти можат да ги користат до датумот на истекување