05 Декември, 2025
0.0269

Предбрачен договор го штити богатството на Тамара Еклстоун

Објавено во: Стил 10 Јуни, 2013 15:59

Добивај вести на Viber

Најбогатата наследничка Тамара Еклстоун која е ќерка на сопственикот на Формула1, потпиша предбрачен договор со идниот сопруг, брокерот Џеј Рутланд. Тамара си го обезбеди своето семејно богатство и во случај да се разведе од Џеј, тој нема да добие ниту долар. Од извр близок на семејството кажаа во медиумите дека не е ништо лично во прашање, туку дека семејството едноставно сака да постапи разумно и да си ги обезбеди своите финансии. Сестрата на Тамара, Петра исто така кога се омажила со Џејмс Стант потпишала сличен предбрачен договор. На тридневната свеченост која ќе се одржи во јужниот дел на Франција ќе настапат Елтон Џон, Лајонел Ричи и DJ Марк Ронсон, додека меѓу 150-те гости ќе се најде и принцезата Беатрис и нејзината мајка Сара Фергусон. Како што велат медиумите, свадбата ќе ја надмине сумата од 12 милиони фунти, кои Барни ги издвои за свадбата на својата помлада ќерка Петра во Италија во 2011 година , каде што невестата до олтарот ја придружувал гласот на Андреа Бочели, а гостите ги  забавувал Дејвид Гета.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: