20 Декември, 2025
0.0398

ПРЕДИЗБОРНО ТРОШЕЊЕ: Притисокот расте, дали касата ќе издржи?

Објавено во: Економија 29 Февруари, 2016 08:51

Добивај вести на Viber

Засилено темпо на трошење е регистрирано во третиот квартал од лани. Овoј тренд продолжува и на почетокот од 2016 година. Народната банка ја сумираше буџетска 2015, во која буџетските расходи во однос на 2014 година биле повисоки за 7,5%. Помали остварувања кај приходите од ДДВ и персонален данок, пониски остварувања кај расходите за капитални инвестиции.  Во исто време и новиот извештај на Центарот за економски анализи и Транспаренси интернешнал измери тренд на засилени трошења и во првиот месец од изборната 2016 година. Засилени тршења за плати, стоки, услуги .. Повеќе пари од данокот на добивка и акцизите, потфрлување кај приливите од ДДВ и пероснален данок. Лани, во согласност со ребалансот на Буџетот, буџетските приходи и раходи биле за 3,6% пониски во однос на проекцијата, констатираше Народната банка во новиот февруарски извештај. Потфрлување од 16 отсто има кај капиталните инвестиции, кои се сметаат како стартешки за развојната компонента. “Највисоко остварување бележат приливите врз основа на данокот на добивка и акцизите коишто го натфрлија планот за годината за 16,1% и 3,5%, соодветно, по што следуваат приливите врз основа на персонален данок на доход и од ДДВ (со остварување од 97,7% и 93,7% соодветно). Во однос на индивидуалните категории кај расходите, во 2015 година се забележува повисоко остварување на тековните трошоци  од 98,3%  во споредба со капиталните трошоци 84%“, се нотира во извештајот на НБМ. И последниот извештај за мониторинг на предизборните трошења, што го направи Центарот за економски анализи и Транспаренси интернешенал покажа дека од карјот на третиот квартал од 2015 година се забележува раст на буџетските трошења, особено во делот за стоки, услуги, плати. “Од анализираните податоци за платите и надоместоците за 2015 интересно е да се укаже на констатацијата дека скокот на расходите за плати и надоместоци, посебно во 3-тиот квартал од 2015)е најголем спореден со еден подолг претходен период (почнувајќи од 2008), иако трендот на нивно зголемување почнува некаде кон средината на 2013 година. Интересно е да се укаже на констатацијата дека скокот на расходите за плати и надоместоци, исто така посебно во третиот квартал од 2015, е најголем во целиот набљудуван период почнувајќи од 2008 година“, констатираат од ЦЕА и Транспаренси интернешнал. Дел до економистите веќе изразија сомнеж дека во изборна година, кога потребата од пари ќе биде голема,  ќе може да се остварат сегашните владини проекции. “Вo време кoгa екoнoмијaтa не функциoнирa стaбилнo, нaјмaлку штo требa дa се oчекувa е дa се пoстигнувaт зaцртaните екoнoмски пoкaзaтели нa мaкрoекoнoмски плaн. Тoa знaчи декa требa дa зaбoрaвaме зa oвa гoдинa. згoлемувaње нa БДП пoгoлемo oд 3,2 односно 3,5 отсто или згoлемувaње нa брoјoт нa врaбoтените кaј дoмaшните кoмпaнии, a нaјмaлку штo мoже дa се случувa е брoјoт нa нoвoфoрмирaните кoмпaнии дa биде пoгoлем oд тие штo ќе се зaтвoрaт“, вели економскиот аналитичар Арбен Халили. Приватниот сектор воздржан, државниот “опуштен“... Во пресрет на новиот датум за предвремените парламентарни избори, не само што засилуваат трошењата, туку не запираат и објавите од Владата. Имено, извштајот на ЦЕА и ТИ покажува дека Владата и натаму е еден од најдоминантните огласувачи. Проблем останува транспарентноста, односно отсуството на детални податоци за објавите и проектите. “Мал број од вкупните објави на Влада и на буџетските корисници содржат финансиски податоци за направените, планираните инвестиции или за објавите во кои се најавува нова инвестиција, Владата  има најмногу објави под 30%. Истите уште помалку содржат аналитичко елаборирање на планираните/ реализираните активности. Скромен дел од објавите вклучуваат информации за изворите на средства, како и програмите/стратегиите/плановите врз основа на кои го најавуваат или реализираат објавениот проект. Значително е намален бројот на вкупните објави на веб страниците на буџетските корисници“, се посочува во јануарскиот извештај. Буџетски дефицит… Според последните информации од Министерството за финансии, во јануари биле потршени 27,5 милиони евра од вкупниот буџетски дефицит кој за 2016 година е проектиран на 308,6 милиони евра. Недоамна, доплнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов изјави дека од почетокот на јануари, заклучно со првата недела од февруари, потрошении биле 30% од дефицитот. Ланската 2015 година заврши со буџетски дефицит од 3,5 отсто, финансира од домашно и од странско задолжување, но и со повлекување на пари од државната сметка. “Во однос на неговото финансирање, остварениот буџетски дефицит беше финансиран преку задолжување на државата на странскиот и домашниот пазар на капитал, при истовремено повлекување средства од сметката кај НБРМ“, посочуваат од Народната банка. Според планот на Владата, минусот во државната каса во следните години треба да се намалува, нешто на што упатуваат меѓународните финансиски институции, како ММФ кои во своите извештаи препорачаа консолидација на дефицитот, засилена контрола и внимателност. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба