ПРЕДОДРЕДЕН ЗА УСПЕХ: Хороскопски знак кој секогаш го следи моќ, пријателство и среќа
Објавено во: Општо 03 Ноември, 2017
Се вели дека секој е кројач на сопствената среќа, но сепак и ѕвездите имаат големо влијание врз сето тоа. Познато е дека постои еден хороскопски знак кому сите врати му се отворени, треба само да знае како да го искористи тоа.Меѓу претставниците на овој знак се музичките легенди како Френк Синатра и Тина Тарнер чиј постигнат успех сè уште трае и остава траги.
Овој знак е Стрелецот. Планетата која владее со овој знак е Јупитер – планетата на моќта, успехот и среќата. Овој знак, исто како и планетата владетел, е знак на среќа, веселба и егзотика. Секогаш подготвен за нова авантура со блескава насмевка на лицето. Нему му се отворени сите врати и ни една препрека на патот не може да го сопре.
Стрелецот е голем љубител на добрата храна, пијалаци и музика. Тој е вечен борец против неправдите, а пријателството претставува важен сегмент од неговиот живот. Неговиот млад дух е надополнет од убавиот надворешен изглед и спортската физичка градба.
Стрелецот има отмена природа која прилега на аристократ и оттаму произлегува неговиот интерес за поблагородни спортови како што е тенисот. Иако негува почит спрема традиционалните вредности, тој понекогаш знае да биде и бунтовник и не се води слепо по општоприфатените морални начела.
Соработката со други луѓе не му е баш најјака страна бидејќи знае да биде строг и комплициран. Понекогаш знае и да казнува ако неговите барања не се исполнети во целост. За овој хедонист по природа нема поголема казна од недостатокот на време и пари. Животните цели и желби на овој знак се навистина големи, но остварливи.
Стрелецот силно верува во себе и своите способности, а добро познато е дека на тој што има силна верба сите врати му се отворени
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.