19 Декември, 2025
0.0394

Предлог за укинување на таксата за МТВ

Објавено во: Економија 07 Март, 2016 10:11

Добивај вести на Viber

Од пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија до Собранието доставија предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кој бараат укинување на радиодифузната такса за МРТ. Тие образложуваат дека јавниот сервис наместо да функционира подобро со парите собрани од РДТ, тој се менува на штета на граѓаните. Затоа се предлага МТВ  да се финансира од Буџетот на Република Македонија, и тоа во износ од 0,5% од вредноста на Буџетот на годишно ниво. За спроведување на предложеното изменување на Законот,  потребно е да се одвојат 885 милиони денари на годишно ниво од Буџетот на државата за 2016 година. „Освен овие буџетски средства, како основен извор за финансирање, МРТ може да остварува приходи од кабелските оператори и од приходи остварени со продажбата на програма произведена во МРТ. На тој начин МРТ ќе се оспособи да продуцира програма со користење на сопствените технички и кадровски потенцијали за свои потреби или ќе ја продава на останатите комерцијални радиодифузери“- се наведува во образложението. Таксата ја плаќаа домаќинствата, но и фирмите, со што многу од нив се соочија со блокирање на сметки затоа што не платиле за МТВ.  Радиодифузната такса беше зголемена од 130 на 190 денари.  

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка