Предстечајна постапка за сопственикот на Казандол
Објавено во: Економија 15 Септември, 2018
Основниот суд Скопје 2 ги испитува условите за отворање стечајна постапка на Сардич МЦ, компанијата сопственик на рударскиот компекс Казандол, чија сметка е блокирана од 12 април.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев претходно изјави дека рудникот не ги запазил роковите.
„Треба да биде воспоставено производство на катоден бакар односно треба да има погон за електролиза. Тој таму не беше изграден, државата мора да покаже капацитет во делот на своите активности да се грижи за правната држава и да ги третира сите економски субјекти подеднакво во смисла на тоа доколку економските субјекти не ги почитуваат своите обврски треба државата да си ги заштити своите обврски“, изјави Анѓушев.
Обвинувањата на релација Кочо Анѓушев – Сардич започнаа по изјавите на вицепремиерот во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21 дека украинскиот инвеститор во земјава работел со сомнителни финансиски средства. Анѓушев тврди дека ниту едно евро не е влезено од Украина за Казандол, а во рудникот се инвестирани 18 милиони евра, без притоа да се знае кој е одговорен и кој е газда на тие пари.
Судот закажа рочиште на ден 25.10.2018 година во 09,30 .насот, а за привремен стечаен управник се определува Владица Ивановска од Свети Николе,