19 Декември, 2025
0.0521

ПРЕДВИДУВАЊЕ: 12 големи геополитички случувања кои би можеле да се остварат во 2015 година

Објавено во: Свет 31 Декември, 2014 20:00

Добивај вести на Viber

Годината која измина донесе многубројни потреси и изненадувања на светската геополитичка сцена. Сепак, ретко кој можеше да предвиди дека ќе се случи украинската криза, припојувањето на Крим кон Русија, Исламската држава, исчезнувањето на авиони, ебола, бранови на расни немири во САД и останати случувања кои ја одбележаа 2014 година. Со сето ова предвид ни малку не претставува благодарна работа предвидувањето каква ќе биде 2015 година. ID Геополитичкиот аналитичар  Армин Росен предвидува дека САД ќе продолжат да го засилуваат притисокот врз Исламската држава. Тој смета дека Американците, со помош на Ирак, Иран и Курдите би можеле да извршат удар врз Мосул кон средината на следната година, што во голема мера ќе им наштети на џихадистите, но тоа секако дека нема и да ги уништи. Netanjahu Бенјамин нетањаху се наоѓа пред изборот за трет мандат но до сега во најлоша позиција. Подмладената Радикална партија би можела да го освои мнозинството во Кнесет, но не и да формира влада, благодарение на радикалните и партиите од центарот, кои ќе одбијат да стапат во заедничка коалиција. Во меѓувреме, Гидеон Саар, најверојатно „за влакно“нема да го смени Нетањаху од челото на Ликуд. На тој начин сегашниот премиер на Израел би можел да го започне својот трет мандат, но со далеку послаба политичка позиција. Се претпоставува дека Нетањаху ќе договори сојуз со Радикалната партија, а најголема шанса да го заземе местото министер за надворешни работи би можел да ја има Тзипи Ливни. Grcija Во 2015 година ќе дојде до заострување на судирите помеѓу Грција и Турција околу спорните наоѓалишта на гас во Егејското море. Доколку дојде до тоа, до крајот на годината, водите северно од Кипар ќе се претворат во милитаризирани зони во пресметките на двата НАТО сојузници. Можна ескалација на овој судир ја исклучува секоја можност за изградба на терминали за природен гас на Кипар или гасовод во северноисточниот Медитеран. Од ова најмногу ќе профитира Русија, бидејќи без изградбата на овие гасоводи, зависноста од нивниот гас ќе стане уште поголема. Iran Ајатолахот Али Хамнеи нема да ги прифати барањата на Обама и многу мала е веројатноста дека наредната година ќе биде донесен конечен договор за нуклеарно разоружување помеѓу Иран и САД. Се предвидува и дека откако Ајатолахот Али Хамнеи нема да ги прифати барањата на САД, патот на Обама ќе се претвори во долг и нема да успее во своите обиди да постигне договор со Иран. Наместо тоа, ќе се фокусира на „полесни“ потфати, како повторно поврзување со Куба, која би требало да ја посети во септември, на почетокот од карипската туристичка сезона. glad Застојот во мировните преговори, падот на цената на нафтата, како и санкциите кои судејќи по се , ќе ги спроведуваат САД и ЕУ, ќе ја постави владата на најмладата држава во најнепогодна ситуација од основањето во 2011 година. По пресекувањата на досегашните линии за обезбедување како и поскапувањето на храната, источна Африка ќе доживее нова хуманитарна катастрофа предизвикана од глад, најголем по оној кој ја погоди Сомалија пред три години. Alzir Долгогодишниот претседател на Алжир се наоѓа во тешка здравствена состојба и едвај се појавува во јавност откако повторно беше избран на изборите во април минатата година. Проценките се дека смртта на Бутелфикин, доколку тоа се случи во 2015 година, нема да промени многу што се однесува до политиките на државата, со оглед на тоа дека со државата управува социјалистичка влада која успешно го изолираше Алжир од хаосот кој се случува во соседната Мали и Либија. Evroazija Со оглед на големите удари кои ги доживеа руската рубља, се очекува Ерменија да го одложи своето пристапување кон Европската царинска унија. Соединетите Држави, во оваа ситуација, ќе видат прилика да се поврзат со Белорусија и традиционалниот руски сојузник ќе се обидат да го свртат на сопствена страна. Војната во Украина ќе продолжи и во 2015 година, а Евроазиската царинска унија ќе доживее колапс, предвидува Росен. islamska.drzava Мирното предавање на моќта во рацете на новоизбраниот претседател Ашраф Гани, како и повлекувањето на 10 илјадната американска војска која беше ангажирана во борбата против талибаните ќе спречи одредени тензии кои можеби и се очекувани на подрачјето на Авганистан по повлекувањето на НАТО силите. Аналитичарот Џереми Бендер предвидува дека Исламската држава ќе губи дел по дел од својата територија на Средниот исток и дека ќе се фокусира на терористички потфати во странство, како Ал Каеда. Libija Членките на НАТО ќе бидат принудени повторно да интервенираат во Либија, каде влијанието на Исламската држава постојано расте. Се очекува потполн колапс на централната власт, присуство на две спротиставени влади, голем број милитантни групи на чие чело стојат одметнати генерали, а ваквиот тек на нештата ќе го наведат Западот повторно да интервенира во Либија. Египет и Обединетите Арапски Емирати веќе изведоа неколку воздушни напади на положби на исламистите во Либија, а како нестабилната ситуација се заканува дека ќе го наруши мирот во околните држави, само е прашање на време кога НАТО и ЕУ повторно ќе интервенираат. malezija.avion На сите им е јасно дека Русија и САД одамна се во Студена војна, која почна со украинската криза. Кризата се продлабочи со реакцијата на Русија, која го анектира полуостровот Крим, како една од стратешкит најважните поморски точки. Рушењето на авионот на „Малезија ерлајнс“ за кој Американците ги обвинија проруските сили, додека Кремљ по истрагата дојде до заклучок дека авионот е срушен од страна на Украинците, дополнително ги подигна тензиите во ионака премногу затегнатите односи. Се покажува на тоа дека Студената војна меѓу САД и Русија не само што ќе продолжи туку и ке се зајакне. asad Францускиот политички аналитичар Пјер Бенам смета дека Обама во последните години од својот мандат ќе се обиде заедно со Турција да воспостави контрола над одредени територии во Сирија, со цел да ја неутрализира Исламската држава и опасноста која од неа се заканува. Создавањето тампон зона, во која се наоѓаат ирачките специјални сили, како и воспоставувањето на зона за забрана на летови од страна на Турција, на Американските сојузници им се нуди можност за елиминирање на ИД, но и на претседателот Башар ал Асад, кого претходно безуспешно се обидуваа да го симнат со афера за наводна употреба на хемиско оружје.    

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела