ПРЕГРАТКА ЗА УТЕХА ЗА МБАПЕ - Макрон ги тешеше француските фудбалери по загубеното финале
Објавено во: Спорт 18 Декември, 2022 20:46
Францускиот претседател Емануел Макрон излезе на теренот по финалето на Светското првенство за да им даде поддршка на „триколорите“.
– Ова е тимот што ни овозможи да сонуваме, напиша Макрон на Твитер.
Аргентина вечерва стана светски шампион, победувајќи ја француската селекција (3:3, 4:2 – на пенали) во финалето на Светското првенство во 2022 година во Катар.
Репрезентацијата на Аргентина го освои Светското првенство во организација на ФИФА по трет пат во историјата.
Франција остана на двете титули освоени во 1998 и 2018 година.
Фото: ЕПА
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





