Преку државен оглас се нуди работа во еротски клуб
Објавено во: Стил
09 Ноември, 2013 17:22
Добивај вести на Viber
Бирото за труд во Варшава им понуди на невработените, преку нивната огласна табла и веб страна, да се пријатат за работното место танчерка или придружба во еротски клуб.
Според огласот, на сопственикот на неименуваниот ноќен клуб не му се потребни почетници, па бара три години на пракса, искуство со важбање гимнастика и познавање англиски јазик.
За околу 400 евра месечно основна плата се очекува кандидатките да танцуваат околу барот , да придружуваат гости на клубот и да ги промовираат услугите на работодавачот , пишува Žečpospolit .
Службениците кои го објавија огласот велат дека не направиле ништо нелегално, а еротскиот клуб е лиценциран и легално работи, па оттука според законите не смееле да одбијат да го објават огласот.
Според сопственикот на клубот , морал да даде оглас за се да биде легално. Законски, ако не се пријави ниту една девојка од Полска, тој ќе има право да вработи лица од странство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: