20 Декември, 2025
0.0427

Преку филијалите во Лондон и Москва повлечени стотици милиони евра од кипарските банки

Објавено во: Свет 27 Март, 2013 12:57

Добивај вести на Viber

Стотици милиони евра се повлечени од кипарските банки преку нивните филијали во Лондон и Москва тогаш кога обичните Кипарци не можеа да повлечат од банкоматите повеќе од 100 евра на ден, соопшти денеска грчката телевизија Мега.

Според информации на телевизијата, на остри критики е подложен гувернерот на кипарската Централна банка, Паникос Димитриадис, кој во екот на кризата одобри да продолжат со работа филијалите на Банката на Кипар и Кипарската народна банка во Лондон. На овој начин стана возможно повлекување на огромни суми од сметките во кипарските банки во британската престолнина и преку една банка во Москва.

Повлекувањето на стотици милиони евра од филијалите на кипарските банки во странство е правдано со неопходноста од купување хуманитарна помош, лекарства или гориво за авионите.

Европските преговарачи дознаа дека нешто не е во ред кога кипарската Централна банка побара повеќе пари од сумата, која првично беше пријавена во Европската централна банка.

Грчката телевизија Мега посочува дека гувернерот на кипарската Централна банка Паникос Димитриадис во моментов е цел на напад од целото политичко раководство заради неговите активности за време на кризата и има се повеќе барања за негова оставка. За да се случи тоа, меѓутоа, неопходни се промени на Уставот на островот, а самиот банкар истакнува дека ЕЦБ позитивно ја оценува неговата работа на позицијата гувернер на Централната банка.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја