19 Декември, 2025
0.0605

„Преку изградба на нови станбени објекти придонесуваме за корекција на цената“: Стефановски од АДИССДП за стостојбите на пазарот

Објавено во: Економија 24 Јули, 2025 09:24

Добивај вести на Viber

Цените на становите излегуваат од рамките на реалното и објективното. Наш приоритет е преку системско делување да придонесеме за рамнотежа на пазарот и создавање услови за реални, а не шпекулативни цени, вели Марјан Стефановски, директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен прстор од значење за државата АДИССДП. 

Тој истакнува дека активно работат на проширување на градежните капацитети за да можат да градат што повеќе комерцијални станбени згради во насока на остварување на улогата на коректор на цената на станбениот квадрат. 

- Ценовните турбуленции на пазарот на недвижности се резултат на динамиката меѓу понудата и побарувачката, а таа во последниве години е особено нарушена. Преку изградба на нови станбени објекти активно се стремиме да интервенираме во регулирањето на процес, со што директно можеме да влијаеме на зголемувањето на понудата. На тој начин, придонесуваме за стабилизирање и корекција на цената на станбениот квадрат овозможувајќи пристап до сопствен дом на поголем дел од граѓаните - вели директорот на АДИССДП.

Во Битола покрај почнатиот станбен објект најавува дека ќе градат уште еден со 60 станови, за кој завршена е проектната документација и во тек е постапка за одобрение за градење. Дополнително, соопшти Стефановски, АДИССДП ќе гради две комерцијални згради во Охрид со вкупно 130 станбени единици.Тендерската постапка за едниот објект е веќе во тек, а за втората се очекува наскоро да почне. Се планираат активности за изработка на проектни документации за изградба на објекти на три нови локации, и тоа во Скопје, во Битола и во Штип со вкупно планирани 269 станови.

Во однос на растот на цените на становите во земајва Стефановски ценовните турбуленции на пазарот на недвижности се резултат на динамиката меѓу понудата и побарувачката, а таа во последниве години е особено нарушена. 

- Преку изградба на нови станбени објекти активно се стремиме да интервенираме во регулирањето на процес, со што директно можеме да влијаеме на зголемувањето на понудата. На тој начин, придонесуваме за стабилизирање и корекција на цената на станбениот квадрат овозможувајќи пристап до сопствен дом на поголем дел од граѓаните. 

Во тек е изградба на два станбени објектa, а паралелно се работи на подготовка за изградба на уште неколку комерцијални станбени згради. Јавноста е веќе запознаена дека е започната градба на станбен објект во Битола кој ќе има 65 станбени единици. Најголемиот број од становите беа продадени веднаш,со просечно постигната цена од 1.070 евра за метар квадратен, која е 30 проценти пониска од пазарната. 

Во фаза на градба е и комерцијалната зграда во градската четврт Даре Џамбаз, кај „стара воена пекара“, Скопје, со 112 станбени единици кои беа продадени по само два јавни повика. Во Битола е предвидена градба на уште еден станбен објект со вкупно 60 станови, а за оваа зграда е веќе изготвена проектна документација и во тек е постапка за обезбедување одобрение за градење. 

Дополнително, АДИССДП ќе гради две комерцијални згради во Охрид со вкупно 130 станбени единици. Тендерската постапка за едниот објект е веќе во тек, а за вториот се очекува наскоро да почне. Исто така, се планираат активности за изработка на проектни документации за изградба на објекти на три нови локации, и тоа во Скопје, во Битола и во Штип со вкупно планирани 269 станови - појаснува директорот. 

Тој посочува дека цените на становите излегуваат од рамките на реалното, поради што квадратот станува се помалку достапен. Појаснува дека големиот дел од понудата на станови на пазарот доаѓа од приватни градежни компании кои ги определуваат цените според сопствени деловни модели. Сепак додава дека иако тоа е дел од природното функционирање на слободниот пазар, неопходно е да постои рамнотежа која ќе го заштити интересот на граѓаните бидејќи цените често се движат во насока што не секогаш одговара на реалната куповна моќ на населението.

Исто така признава дека за да ја остварат улогата на коректор на цената на станбениот квадрат потребна е изградба на поголем број комерцијални станбени згради и потенцира дека активно работат на проширување на градежните капацитети.

Извор: МИА

фото: Дарко Попов 

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии