19 Декември, 2025
0.0515

Преку самовработување во Прилеп се вработиле 500 луѓе

Објавено во: Економија 13 Јануари, 2013 18:19

Добивај вести на Viber

Преку можностите за самовработување преку кредитирање во Прилеп за пет години се вработени 500 луѓе, информираат од Бирото за вработување во Прилеп.

- Владините програми се ефикасни. Отворени се работни места за 500 прилепчани откако од 2007 година се спроведуваат проектите. Тоа значи дека се активирани 384 семејни бизниси, вели Силвана Пашоска раководителка на Бирото.

Пашоска нагласува дека успешноста на опстојувањето на семејните бизниси е голема во Прилеп и изнесува дури 85 проценти. Ако до 2010 година најмногу се поддржуваа индивидуалните земјоделци и трговците, последниве две години се кредитира отворањето фирми и тоа во производствената и непроизводствена дејност.

Според податоците од Бирото за пет години се намалил бројот на невработени прилепчани. Ако во 2007 бројката била 24.800 сега во Прилеп се евидентирани 17.100 невработени лица. Од Агенцијата за вработување очекуваат голем интерес и со новите конкурси за владините проекти за самовработување со кредитирање.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?