10 Декември, 2024
0.0285

Преку зголемена контрола на тутунот, нови даночни реформи и промена на Законот за пушење до намалување на црните статистики од пушењето

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Панел дискусијата која вчера ја спроведе Тинк Тенк „Аналитика“ на тема пушење, тутунски производи, нивна употреба и мерки од негативните последици јасно укажа дека државата треба да воведе силни мерки кои ќе ја зголемат контролата и ќе ги намалат штетните ефекти од пушењето.

Дискусијата ја предводеше Борче Треновски од „Аналитика“ кој накратко ги презентираше резултатите од истражувањето за зајакнување на фискалните и здравствените политики, смртни случаи предизвикани од пушењето, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во РС Македонија.

Дискусијата на отвори Анастас Маженковски, помошник директор на Сектор за ИКТ при Царинската управа во РС Македонија. Тој истакна дека клучна компонента за намалување на штетноста од пушењето цигари е Усвојувањето на протоколот на недозволениот извоз кој е во Владина процедура и кој се очекува да биде усвоен, а се однесува на контролата на цигари, економијата преку воведување на забрани за едноставен влез и увоз на машини за правење цигари. Тој напомена дека механизмите на контрола мора да се зајакнат бидејќи можат да имаат животозагрижувачки ефект.

„Во делот на легалната трговија ние како Царинска управа имаме проблем со режаниот тутун кој се продава по пазарите. Сме пријавиле многу случаи за кои имало истраги, имаме земано и мостри кои ги испитавме во лабораториите во Прилеп и Земјоделскиот факултет чии анализи покажаа многу големи количини на катран. За тој случај има препишано казна затвор од 3 години и 1 милион евра казна. Затоа важно е да се спроведат низа акции кои ќе ја покажат штетноста и казните за видовите тутун на домашниот пазар“, појасни Маженковски.

Од здравствен аспект, Проф. Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје потенцираше дека податоците од нивната институција за 2023 година покажуваат зголемена употреба на користење електронски цигари, производи кои горат но не согоруваат како наргиле и слично. Затоа мора да се направи нова национална стратегија за контрола на тутунот бидејќи последната е 2015 и од тогаш немаме документ. „Мора да се направи мултудисциплинарен пристап за контролата на тутунот и да се предвиди промена на законот за заштита од пушење кое го донесува Министерството за здравство со кој освен мерки за цигари да има и мерки за новите производи, да има забрана на е-цигари и другите нови продукти во јавните простори со тоа што ќе се зголеми улогата на Министерството за образование за поголема едукација на децата преку кампањи. Државата мора да има посебна програма за откажување од цигари, сега имаме програма за советување, но колку е тоа ефективно. Ова е клучно според мене, национална стратегија, промена на законот за пушење и МОН во реформите да го внесе концептот на здрави училишта кои го унапредуваат здравјето на младите. Исто така матичните лекари и пулмолозите треба да даваат терапија преку Фзом со цел да се направи поголема достапност на лекови кои ќе помогнат во процесот на одвикнување“, појасни Ќосевска.

Сања Бојаниќ, заменичката на Постојаниот претставник на УНДП пак ги изнесе податоците дека РС Македонија е единства земја во Југоисточна Европа во која достапноста на цигари е иста од 2010 година. Односно сите други земји имаат воведено мерки за намалување на достапноста на цигарите само дома нема никаква промена. „Шокантни и загрижувачки се податоците дека околу 11% од младите луѓе секојдневно пушат цигари. Од економски аспекти тоа се 11% приходи во буџетот кои се влеваат од трошоци за лекување, но загуба во продуктивноста од 89%. Во оваа категорија се луѓето кои починале поради последици од пушење, влошено здравје и здравствени последици, губење на работната способност или продуктивност“ рече претставничката од УНДП Бојаниќ.

Александра Наќева Ружин, специјалниот советник во Министерството за финансии пак даде објаснување за акцизите и зошто се тие значајни за домашната економија. „Акцизата претставува втор приход во буџетот на државата. Во 2022 година речиси 50% од приходите од акцизи се од тутунските производи, околу 5% од алкохолните пијалоци и другите 43-45% се од нафтата и онаа структура се менува низ годините. Затоа пред носењето на новиот закон и календар за акцизи во октомври ние долго време ги разгледувавме сите аспекти и верувам дека реформите ги направивме подобри од сите донесени досега. На пример, пурите кои спаѓаат во категоријата „луксуз“ досега не влегуваа во ниту една категорија и за нив немаше акциски календар, сега со оваа реформа тоа го променуваме“, рече Наќева Ружин.

Јоана Маџоска, економист во Светска банка истакна дека со појавувањето на ковид пандемијата и растот на цените поради војната во Украина се намалија цените на тутунот. „Намалувањето на цигарите доведе до поголема достапност на цигарите и забавено производство на тутун. И покрај зголемувањето на акцизите во вакви услови на намалено производство важно е да се одржи нивото прецизирано во европската легислатива. Од овој аспект треба да се изготват реформи и за е-цигарите со цел да се обезбеди еквивалентност на овие производи кои би ја замениле потпрошувачката на тутунот“, смета Маџоска.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Светот на Дедо Мраз пристигна во Дајмонд Мол!

Светот на Дедо Мраз пристигна во Дајмонд Мол!

Инженери од МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино

Инженери од МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија