26 Јуни, 2024
0.0325

ПРЕМИЕРОТ МОЖЕБИ НЕ МОЖЕ ДА ДЕЛУВА НА МЕРКО, АМА МОРА ДА ИМА ЈАСЕН СТАВ ПО ТОА ПРАШАЊЕ: Човек од црна листа не може да биде градоначалник, смета Куновска

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Софија Куновска, која е дел од владејачката СДСМ, на фејсбук истакна свој став околу ситуацијата со стушкиот градоначалник, Рамиз Мерко и ставот на премиерот, Димитар Ковачевски.
„ Замрзнувањето на партиските функции на Мерко треба да ни испрати порака дека партијата не смее да си го руши угледот и да трпи штета во партиските редови од несовесното поведение на истиот, за разлика од местото во државата на кое тој може слободно да си продолжи како и до вчера со делувањето иако е веќе личност од црната листа на САД осомничен за тешки злоупотреби. Тоа што државата губи углед и што материјалната штета е на сметка на граѓаните, актуелната власт не ја интересира.

Премиерот можеби не може да делува на Мерко и да го принуди да поднесе неотповиклива оставка, но макар и на вербално ниво, мора да има став јасен како ден по тоа прашање, дека човек од црна листа не може да продожи натаму на чело на единица на локална самоуправа како и до вчера.

За тоа дали премиерот треба и Републичкиот јавен обвинител да го повика да си понесе одговорност има уште некој ден на располагање. Па тој нека го повика следниот по него за кој смета дека е одговорен и така натаму до крај“, напиша таа.


Можеби ќе ве интересира

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството