Премија 7-ка вредна 120,000 Евра за уплатени 120 Денари
Објавено во: Мои пари 25 Јуни, 2015 10:26
Посакуваната премија 7ка од играта НовоЛото 7/34, го обележа 50то коло кое се реализираше вчера – на 24.06.15, а беше емитувано во редовниот термин на ТВ Сител.
Ова е третата 7ка во 2015, а 11та од почетокот на приредување на играта на среќа НовоЛото 7/34.
7ката е вредна 7.275.913,41 денари. Уплатени се 8 ( осум) комбинации, од кои добитна е 6тата комбинација со броевите: 2, 8, 13, 20, 25, 30, 32 +1. Уплатата е извршена во Скопје во продажното место Толлакс на Плоштад Македонија. Играчот ќе добие 120.000 евра за уплата од 120 денари
Покрај 7ката изненадување за играчите беа и двете добивки 6+1 кои носеа по 1.218.501,00, од кои едната уплата е реализирана во Кавадарци во Сигма, а другата во Скопје, во Лубито, кај Драмски театар. Добитниците на 6+1 уплатиле по 2 комбинации, при што за 30 денари ќе добијат по 20 000 евра.
Вчера беа постигнати и 7 добивки со по 6 погодоци и 188 добивки со по 5 погодоци и бројни добивки за 4 погодоци. 50тото коло ќе се забележи и со до сега најитересната табела на добивки, со постигнати сите можни добивки од оваа игра на среќа
| НовоЛото 7/34 добивки | Број на добитници | Вредност на добивка |
| 7 погодоци | 1 | 7.275.913,50 |
| 6+1 погодоци | 2 | 1.218.501,00 |
| 6 погодоци | 7 | 13.079,50 |
| 5 погодоци | 188 | 487,00 |
| 4 погодоци | 1.824 | 117,00 |
Добитници ги очекуваме во Државна лотарија на Македонија за да се запознаеме со нивните среќни приказни кои ќе ги споделиме со вас.
Фондот за 7ка сега изнесува 100.000 евра/6.000.000 денари кои ги гарантира Државна лотарија на Македонија. Примамлива е добивката и на дополнителната игра Џокер која нуди над 2.000.000 денари.
Играта НовоЛото 7/34 e со право омилената игра на македонските играчи на игрите на среќа.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




