ПРЕНЕСЕНИ СЕ ВО ИНСТАНБУЛ: Уште три повредени лица од пожарот ќе се лекуваат во Турција

Објавено во: Македонија 20 Март, 2025 15:29
Уште три лица повредени од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција.
Информацијата ја потврдија од турската амбасада. Три млади лица денеска со авион се пренесени во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул. Турскиот амбасадор во земјава Фатих Улусој ги придружувал повредените на Меѓународниот аеродром, при нивното заминување од Скопје. Моментално во Турција се лекуваат вкупно 12 повредени. Од нив, половина се во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул, додека другата половина во болницата „Билкент Шехир“ во Анкара.
И заменик министерот за надворешни работи и главниот преговарач со ЕУ, Мехмет Кемал Бозај, изразил сочувство до целиот народ на Македонија.
„Како што се сеќавате, Северна Македонија, по разорниот земјотрес што ја погоди нашата земја во 2023 година, испрати тимови за спасување. Така и ние, веднаш по овој трагичен настан, испративме авиони и деветмина државјани на Северна Македонија ги пренесовме во Турција за лекување. Во оваа прилика, уште еднаш изразувам длабоко сочувство до целиот народ на Северна Македонија и им посакувам брзо заздравување на ранетите“, изјавил Бозај.
Денеска беа погребани загинатите во пожарот кој во неделата се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Повредените се лекуваат во Србија, Бугарија, Грција, Шведска, Полска и други земји.
Можеби ќе ве интересира
СЕ „ТРЕСЕ“ СЕ' ШТО ИМА АКТИВНА ЛИЦЕНЦА: „Го изигрувале законот“

ДЕТАЛНО СЕ ПРОВЕРУВААТ ГРАДИНКИ, УЧИЛИШТА, СПОРТСКИ САЛИ, УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ: Општините го вклучија алармот

КОЈ Е СЛЕДЕН НЕМА НАМЕРА ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО СТУДЕНТСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ: Соопштение од организацијата

ШЕСТМИНА ОД ПАЦИЕНТИТЕ БИЛЕ СО ИЗГОРЕНИЦИ ОД ТРЕТ СТЕПЕН: Кај нив веќе е направена трансплантација на кожа

ЕВЕ ГИ БАРАЊАТА НА „КОЈ Е СЛЕДЕН“: Имаат повеќе бара поврзани со „Пулс“, „Дурмо турс“, „Онкологија“, „Беса транс“

НЕ МОЖЕ ДА НАВИВАМЕ ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПОТФРЛАТ, САМО АКО НЕ СЕ ВОДЕНИ ОД НАШИТЕ: Димитров вели доста е навивање да не не' биде

СИН НА ПОЛИЦАЕЦ ГЛУМЕЛ ПОЛИЦАЕЦ, ПА НАПАДНАЛ ВОЗАЧ КОЈ ГО ИЗНЕРВИРАЛ ДОДЕКА ВОЗЕЛ: Вистинска драма на скопската обиколница

УБАВИ ВЕСТИ ДОАЃААТ ОД ТАРАВАРИ: Сите пациенти во македонските болници се во добра и стабилна состојба
