26 Март, 2025
0.0651

КОЈ Е СЛЕДЕН НЕМА НАМЕРА ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО СТУДЕНТСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ: Соопштение од организацијата

Објавено во: Македонија 23 Март, 2025 20:00

Добивај вести на Viber

Денес, на лажни профили и преку пропагандни медиуми, беа објавени видео-снимки со цел да ја поврзат нашата иницијатива „Кој е следен?“ со еден онлајн разговор помеѓу група студенти и девојка од Србија. Ве известуваме дека нашата иницијатива нема никаква поврзаност со тој повик, ниту сме биле вклучени во какви било разговори за формирање на нови студентски организации. Доволно е да се погледне самата снимка – името „Кој е следен?“ не се споменува ниту еднаш, а нашето лого е аматерски и намерно вметнато во аголот на видеото, велат од организацијата „Кој е следен“.

Нашата иницијатива е граѓанска и како таква нема намера да се вклучи во студентското организирање, ниту да го инструментализира. Студенти, веруваме во вашата способност да се оградите од партиски и надворешни влијанија.

Овие обиди за оцрнување се уште еден доказ дека политичката елита се плаши од автентичното граѓанско незадоволство. Наместо да одговорат на барањата за правда, одговорност и безбедност, тие се служат со провидни манипулации, лажни вести и медиумски спинови.

Притисоците од лажни профили, пропагандни медиуми, како и од полициски и параполициски структури, само дополнително ќе ја зајакнат нашата волја.

Ние не сме поврзани со ниту една политичка партија, и уште поважно – јавно ги осудуваме сите обиди за партизација на „Кој е следен?“. Нашиот револт не е алатка за политички поени, туку повик за достоинствен живот.

Оваа сурова пропаганда нема да не замолчи.
Нема да дозволиме да се угуши секој млад, независен и слободен глас.
Нема да дозволиме елитите да продолжат да не газат!

Денес ние сме мета на манипулации и лажни вести.
Кој е следен?“, се вели во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

Јан Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ

Јан Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ

Митева: Контролите продолжуваат, пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири

Митева: Контролите продолжуваат, пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири

СДСМ: УЈП не побарал стечај за фирмата сопственик на дискотеката „Пулс“, а сметката им била блокирана 217 дена

СДСМ: УЈП не побарал стечај за фирмата сопственик на дискотеката „Пулс“, а сметката им била блокирана 217 дена

ПРВИОТ ПАЦИЕНТ ЛЕКУВАН ВО СТРАНСТВО СЕ ВРАТИ ДОМА, НЕКОИ СЕ СЀ УШТЕ КРИТИЧНИ: Лекарите предупредуваат на можни инфекции

ПРВИОТ ПАЦИЕНТ ЛЕКУВАН ВО СТРАНСТВО СЕ ВРАТИ ДОМА, НЕКОИ СЕ СЀ УШТЕ КРИТИЧНИ: Лекарите предупредуваат на можни инфекции

Центарот за социјална работа во Прилеп ќе добие физичко обезбедување по нападот со огнено оружје

Центарот за социјална работа во Прилеп ќе добие физичко обезбедување по нападот со огнено оружје

„ГО ПРАШАВ ЗОШТО ГО НАПРАВИ ТОА, ТОЈ САМО ГИ КРЕНА РАМЕНИЦИТЕ“: Продолжува судењето за убиството на Панче и Вања

„ГО ПРАШАВ ЗОШТО ГО НАПРАВИ ТОА, ТОЈ САМО ГИ КРЕНА РАМЕНИЦИТЕ“: Продолжува судењето за убиството на Панче и Вања