26 Март, 2025
0.0594

НЕ БИ САКАЛЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ ПОПРЕЧУВАЊЕ ОД РАЗЛИЧНИ МРЕЖИ, ПРЕКУ ПОВИЦИ ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА И СЦЕНАРИЈА ДА НАШТЕТАТ НА ОВОЈ ПРОЦЕС: Митева за истрагата за Кочани

Објавено во: Македонија 23 Март, 2025 13:12

Добивај вести на Viber

Седумдневната национална жалост прогласена од Владата за трагедијата во Кочани завршува денеска, но со несмален и невиден интензитет ќе продолжи истрагата која ќе биде правична и темелна, порачаа денеска на прес-конференција владините портпаролки Марија Митева и Венера Љатифи-Азизи.

Митева апелираше да не се шпекулира и со невистини и манипулативни наративи да се злоупотребува трагедијата во Кочани затоа што, рече, има опсежна истрага во која се опфатени и приведени 34 лица и таа се уште не е завршена.

-Мора да дозволиме органите на прогонот да си ја завршат истрагата - темелно и правично. Не би сакале да се дозволи попречување од различни мрежи – преку повици за дестабилизација и различни сценарија и било како да наштетат на овој процес. Од ова мора сите да излеземе посилни, со испорачана правда. Оваа влада беше избрана за да го прекине кругот на рамнодушноста, да ја обнови довербата онаму каде што беше изгубена и да се погрижи ниту една иднина да не се обликува од грешките на минатото. Нема да прифатиме изговори кои премногу често ги оставаа граѓаните незаштитени. Онаму каде што другите молчеле, ние ќе дејствуваме. Во овој момент на тага, стоиме заедно со погодените семејства и ветуваме итни мерки. Нашата заложба е јасна – правда за погодените, транспарентност во секој чекор и итни реформи кои ќе обезбедат ова никогаш да не се повтори, истакна Митева. 

Портпаролката Венера Љатифи-Азизи рече дека трагичниот настан „не трогна сите соединувајќи не во длабока болка и тага што ги надминува зборовите“. 

Ги соопшти сите преземени чекори од Владата да им се помогне на семејствата на повредените, трошоците што ги покрива, најави дека од утре ќе почне исплатата на средствата за помош од Црвениот крст и дека „истрагата ќе продолжи со невиден интензитет“. Укажа и на помошта од меѓународните партнери и солидарноста која, рече, не познава граници. 

-И додека денес е последниот ден од националната жалост, посветеноста и ангажирањето на Владата да ги поддржи директно погодените и да ја открие вистината за оваа трагедија ќе продолжи со невиден интензитет... Истрагата за овој трагичен настан продолжува со целосна посветеност и голем ангажман од сите одговорни институции. Владата е решена да ја обелодени вистината и да се погрижи сите кои се одговорни да одговараат за своите постапки. Никој нема да може да се сокрие и правдата ќе биде задоволена... Во оваа голема болка не сте сами, државата ќе стои покрај вас – не само денеска, туку до крајот на овој процес, во кој ќе расветлиме буквално се, истакна Љатифи-Азизи.


Можеби ќе ве интересира

„МОИТЕ ДЕЦА ИМААТ ТАТКО БЛАГОДАРЕНИЕ НА ДОКТОРИТЕ, СЕСТРИТЕ И ТЕХНИЧАРИТЕ“: Стојанов со порака 'гушнете ги најблиските'

„МОИТЕ ДЕЦА ИМААТ ТАТКО БЛАГОДАРЕНИЕ НА ДОКТОРИТЕ, СЕСТРИТЕ И ТЕХНИЧАРИТЕ“: Стојанов со порака 'гушнете ги најблиските'

Полицијата го претресуваше возилото на Газда Деко од Кочани, одземена е финансиска документација

Полицијата го претресуваше возилото на Газда Деко од Кочани, одземена е финансиска документација

Финтек аналитичарот Иван Ивановски собра 200.000 евра помош за Кочани за неколку дена

Финтек аналитичарот Иван Ивановски собра 200.000 евра помош за Кочани за неколку дена

ПРВИОТ ПАЦИЕНТ ЛЕКУВАН ВО СТРАНСТВО СЕ ВРАТИ ДОМА, НЕКОИ СЕ СЀ УШТЕ КРИТИЧНИ: Лекарите предупредуваат на можни инфекции

ПРВИОТ ПАЦИЕНТ ЛЕКУВАН ВО СТРАНСТВО СЕ ВРАТИ ДОМА, НЕКОИ СЕ СЀ УШТЕ КРИТИЧНИ: Лекарите предупредуваат на можни инфекции

СЕ БЛИЖИ РАМАЗАН БАЈРАМ: Дел од верниците купуваат, а дел си прават баклава

СЕ БЛИЖИ РАМАЗАН БАЈРАМ: Дел од верниците купуваат, а дел си прават баклава

ПАВЕЛ ЧЕТИРИ ПАТИ СЕ ВРАЌАЛ ДА СПАСУВА ЛУЃЕ ОД „ПУЛС“: За жал, четвртиот му бил последен

ПАВЕЛ ЧЕТИРИ ПАТИ СЕ ВРАЌАЛ ДА СПАСУВА ЛУЃЕ ОД „ПУЛС“: За жал, четвртиот му бил последен

НОВА ТУРА СНЕГ НА БАЛКАНОТ И ВО МАКЕДОНИЈА: Од 7 април голема промена на времето?

НОВА ТУРА СНЕГ НА БАЛКАНОТ И ВО МАКЕДОНИЈА: Од 7 април голема промена на времето?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Повреден од пожарот во Кочани кој се лекуваше во Србија се врати во земјава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Повреден од пожарот во Кочани кој се лекуваше во Србија се врати во земјава

ПЛАКЕТА ЗА ХРАБРОСТ И СТИПЕНДИЈА: Oпштината ќе го награди Јован Костадинов

ПЛАКЕТА ЗА ХРАБРОСТ И СТИПЕНДИЈА: Oпштината ќе го награди Јован Костадинов