Препорака од САД: Кипарските Грци и Турци да ги делат нафтените резерви
Објавено во: Свет 23 Март, 2013 16:12
САД бараат Кипар да има право да ги користи резервите на нафта и гас во кипарските територијални води, но очекуваат да видат и договор за обединување на грчкиот и турскиот дел на островот и делење на евентуалните приходи од овие природни ресурси, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Викторија Нуланд, на прашањето дали САД учествуваат во разговори за финансиски спас на банкротираните власти на грчкиот дел на Кипар.
Нуланд одговараше на прашање дали САД се загрижени поради најавите дека Русија, чии бизнисмени се очекува да бидат најголеми губитници во банкротот на кипарските банки, бара учество во нафтеното богатство како компензација, јави дописникот на МИА од САД. „Не знам што мислите кога зборувате за руска игра во врска со Кипар. Како генерално правило, САД го поддржува правото на Кипар да ги користи енергетските ресурси во територијалните води. Исто така, го поддржуваме процесот за преговори, под покровителството на Обединетите нации, за одново обединување на Кипар во федерација со две зони и две заедници. Веруваме дека островските ресурси во нафта и гас, како и сите други ресурси, треба правично да се поделат во контекст на вкупно решение на спорот“, изјави Нуланд. Таа негираше дека државниот секретар на САД Џон Кери, во неговиот разговор со кипарскиот претседател Никос Анастасијадис на 16 март, имал предлози за решавање на економската криза на островот.Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




