Престои голема трансакција на Македонската берза!!! Кој ќе плати, а кој ќе наплати до 25 милиони евра?
Објавено во: Економија 23 Септември, 2024 08:26
Престои голема трансакција на Македонската берза!!! Кој ќе плати, а кој ќе наплати до 25 милиони евра?
Голем трансфер на сопственост за многумина од инвеститорската заедница е изненадувачки и неочекуван потег на мнозински акционери во наша голема и реномирана компанија од услужните дејности. Има индиции дека цената што ќе се нуди за превземање е фер и објективна, за 10% подобра од книговодствената вредност, но пониска од последната пазарна цена
На повидок е голем капитален трансфер на Македонската берза за хартии од вредност во кој голема македонска компанија од услужните дејности ќе го промени најголемиот поединечен акционер, дознава „Фактор“ од добро информирани извори во инвеститорската заедница.
Станува збор за зделка од најмалку 25 милиони евра вредност при што мнозинскиот пакет акции ќе добие нов домашен сопственик, а актуелниот најголем акционер, а веројатно и други покрупни акционери, на своите сметки ќе добијат над 20 милиони евра.
Очекувано е по овој трансфер на годината да следува и јавна понуда за превземање на сите акции со право на глас кои можат да се тргуваат на Македонската берза.
Цената по која ќе бидат откупени сите слободни акции е објективна од аспект на книговодствената вредност на компанијата, нејзината пазарна позиција и големина, но е пониска од актуелната пазарна цена на таа акција.
Дури вреди да се истакне дека цената што ќе ја понудат за откуп е повисока за 10 отсто од книговодствената вредност на секоја акција големата македонска компанија од услужните дејности чија акција е котирана на берзата.
Купувачот на акциите е исто домашна реномирана трговска фирма. Дел од аналитичарите кои го следат домашниот финансиски пазар проценуваат дека како претходница на претстојното превземање всушност и беше реализирана деловна операција со која компанијата – превземач се обезбеди со ликвидни средства од домашна деловна банка.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




