17 Декември, 2025
0.0463

ПРЕСУДА: За геноцидот во Сребреница е виновна Холандија

Објавено во: Балкан 16 Јули, 2014 12:25

Добивај вести на Viber

Судот во Хаг изрече пресуда според Холандија се смета за одговорна за смртта на повеќе од 300 жртви во геноцидот во Сребреница. Во пресудата се истакнува дека холандските мировни трупи не го заштитиле бошњачкото население кое се наоѓало во оваа енклава под заштита на Обединетите нации. „Холандија е одговорна за загубата што ја претрпеа членовите на семејствата кои босанските Срби ги депортираа од заштитената енклава во Поточари во 1995 година“, стои во пресудата. Сепак, ова е само делумна сатисфакција за околу 8.000 жители на Сребреница, кои во тужбата пред граѓанскиот суд во Хаг ги обвинија холандските „сини шлемови“ дека не ги презеле соодветните чекори за да го спречат масакрот, во кој беа убиени повеќе од 8.000 луѓе. Со пресудата се прифаќа одговорност за само 300 од овие загубени животи. Обединетите нации ја прогласија Сребреница за безбедно подрачје за цивили во 1993 година. Но по две години опсада, енклавата ја зазеде Ратко Младиќ со неговите трупи, по што илјадници бошњаци побараа заштита во Поточари, каде беа сместени холандските мировници. Мировниците предале во рацете на Војската на Република Српска повеќе од седум илјади мажи и деца, кои биле егзекутирани.  

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни