19 Декември, 2025
0.0369

ПРЕСВРТ – УКРАИНА Е СПРЕМНА ДА ОТСТАПИ ТЕРИТОРИЈА: Имаат само едно барање

Објавено во: Свет 14 Ноември, 2024 13:30

Добивај вести на Viber

Како што со денови се споменуваше, расте можноста доаѓањето на Доналд Трамп за претседател на САД да ги забрза мировните преговори кога тој ќе ја преземе Белата куќа.

Украинските власти долго време нагласуваат дека земјата нема да ѝ отстапи никаква територија на Русија во ниту еден договор. Сепак, новиот извештај сугерира дека овој фактор можеби не е најважниот во пристапот на Киев кон можните преговори.

Во последно време, украинските сили губат територија на истокот на земјата, што ја ослабува нивната позиција во можните преговори.

Трамп претходно изјави дека ќе стави крај на војната на првиот ден од неговото претседателствување.

„За Украина ништо не е поважно од гаранција“

Украинските власти изјавија за Њујорк Тајмс дека гаранциите дека Владимир Путин нема да започне натамошна агресија ќе им биде поважно од какви било спорови за територија.

Роман Костенко, претседател на комисијата за одбрана и разузнавање на украинскиот парламент, рече: „Преговорите треба да се засноваат на гаранции. Ништо не е поважно за Украина“.

Висок украински функционер, кој разговараше со новинарите под услов да остане анонимен, рече: „Територијалното прашање е исклучително важно, но сепак е второ по важност. Првото прашање се безбедносните гаранции“.

Од руска страна, Константин Затулин, политичар од партијата на Путин, оваа недела рече дека Русија може да прифати прекин на огнот долж линијата на фронтот до пролет, доколку Украинците бидат истиснати од Курск. „Сè ќе се заснова на факти“, рече тој. „Сè што имаме ние е наше, сè што има Украина е украинско.

Но, тврдокорните во Москва, вклучително и Константин Малофејев, конзервативен бизнисмен со врски со Кремљ, сугерираат дека веројатно нема да се постигне договор до пролет.

„Ќе биде тешко да се постигне договор токму затоа што и нашата најблага позиција вклучува дополнителни територијални отстапки од Украина“, рече Малофејев.

фото: EPA

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела